Викторија Бекам

Викторија Бекам
Викторија Бекам во Мај 2010
Биографски податоци
Родено имеВикторија Каролина Адамс
Познат(а) и какоПош Спајс, Пош
Роден(а)17 април 1974 (1974-04-17) (44 г.)
Харлов, [Есекс]], Англија
ПотеклоГофс Оак, Хартфордшир, Англија
ЖанровиПоп, [повремено R&B
Занимањапејач-текстописец, танчерка, модел, актерка, моден креатор, бизнисменка
Период на активност1994–денес
ИздавачиVirgin (1996–2002)
19/Telstar (2002–04)
СоработнициСпајс Грлс
Мреж. местоOfficial website

Викторија Каролин Бекам( Адамс; родена на 17 април 1974) е британска пеачка, текстописец, моден дизајнер, бизнисменка, актерка и модел.

За време на нејзиното издигнување кон славата со поп групата Спајс Г’рлс во 1990 година, Бекам беше наречена Пош Спајс, прекар измислен од страна на британскиот музички поп магазин Топ оф д’попс во нивното јунско издание 1996. Додека Спајс Г’рлс правеа посебни кариери, таа дебитираше во поп мизиката, освојувајќи четири од 10 те британски топ песни како соло изведувач. Нејзината прва самостојна песна "Надвор од мислите”, го достигна второто место на листата на британските песни и е нејзиното последно и најголемо појавување на таа листа. За време на нејзината соло кариера таа потпиша договор со Вирџин Рекордс и Телстар Рекордс.Бекам се здоби со поголем успех како меѓународно позната модна икона. Таа имаше кариера во модата, дизајнирајќи линија на фармерки заРок&Репаблик а потоа го дизајнираше сопствениот познат бренд, dVb Стајл. Бекам ја прикажа и нејзината сопствена колекција од наочари за сонце и парфеми , наречена “Интимно со Бекам”, кои беа пуштени во продажба во Велика Британија и САД. Во соработка со јапонската продавница Саманта Таваса, таа дизајнираше голема колекција од ташни и накит. Покрај тоа таа има издадено две книги бестселери; едната е нејзина автобиографија а другата е моден водич.

Од нејзините телевизиски заработки, Бекам имаше пет официјални документарни филмови и реални емисии направени за неа, како на пр: ” Да се биде Викторија Бекам “ и “ Бекамови во вистинско светло”. Нејзината последна емисија беше ” Викторија Бекам доаѓа во Америка” која што се емитуваше во САД во 2007 година. Таа за кратко се појави во епизода во американската телевизиска серија “Грдата Бети” ,а беше и гостин- судија воПроект писта: “Новиот топ модел на Германија” и “Американски идол “ ( деветта сезона).Бекам е мажена за англискиот фудбалер Дејвид Бекам со кој има и три синови, Бруклин,Ромео иКруз.Само од 2009 година па наваки нивното заедничко богатство е проценето на 125 милиони долари.


Other Languages
Afrikaans: Victoria Beckham
asturianu: Victoria Beckham
azərbaycanca: Viktoriya Bekhem
Bân-lâm-gú: Victoria Beckham
беларуская: Вікторыя Бекхэм
български: Виктория Бекъм
čeština: Victoria Beckham
Esperanto: Victoria Beckham
føroyskt: Victoria Beckham
français: Victoria Beckham
Bahasa Indonesia: Victoria Beckham
Kiswahili: Victoria Beckham
lietuvių: Victoria Beckham
Nederlands: Victoria Beckham
norsk nynorsk: Victoria Beckham
português: Victoria Beckham
Simple English: Victoria Beckham
српски / srpski: Викторија Бекам
srpskohrvatski / српскохрватски: Victoria Beckham
Basa Sunda: Victoria Beckham
українська: Вікторія Бекхем
Tiếng Việt: Victoria Beckham