Википедија:Наведување на извори

Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:НАВ
Најважното од оваа страница: Наведувајте ги изворите за содржината која ја додавате во статиите за да може таа да биде проверлива. Ова напатствие за наведување на извори: а) Дискутира кога да се наведуваат извори; б) Покажува како да се форматираат поединечните наводи на извори и в) Овозможува методи на претставување на изворите во статиите на Википедија.

Википедија е енциклопедија која секој може да ја уредува. Бидејќи технички секој може да напише било што, потребно е информациите кои ќе се најдат во нејзините статии да бидат веродостојни: да не потекнуваат од сопствени истражувања, туку од сигурни и веродостојни извори. Затоа се наметнува потребата од проверливост на содржината — за да се провери колку е таа содржина вистинита, но и за да дојде до повеќе информации во врска со дадената тема. Било која статија која се стреми да биде добра или одлична мора да ги наведе своите извори.

Наведувањето на извори се врши со помош на наводи. Навод претставува краток текст кој уникатно посочува кон одреден извор на информации.

Пример:

  • Б. Видоевски: Правопис на македонскиот литературен јазик. Просветно дело, Скопје, 1998

Целосниот список на изворите од коишто се наведува е сместена на крајот од статијата (пред секцијата „Надворешни врски“) во секција со наслов ==Наводи== (или алтернативно: ==Извори==, ==Литература== или само ==Литература== — ова е на избор на уредувачот).

Ова напатствие покажува:

  1. Кога има потреба да се наведат извори — Во изданија со енциклопедиски карактер, изворите треба да бидат наведени при додавање на материјал преземен од други извори на информации. Во спротивно, наведеното тврдење или содржина се смета за произволна и непотврдена, а со тоа се оспорува нејзиниот научен каректер
  2. Како се претставуваат изворите во статијата — Наводите обично се прикажани во статиите преку една од методите опишани подолу во секцијата за презентација од ова напатствие. Во рамките на една статија треба да се користи ист начин на наведување - ако статијата веќе има неколку наводи, уредувачот треба да го користи методот кој веќе е во употреба или да бара консензус пред да го промени.
  3. Како да се форматираат наводите — Препораките за наведување кои се дадени во текстот што следи треба да се почитуваат. Овде прикажаниот начин на наведување на изворите на информации не е единствениот постоен. Затоа многу поважно е со наведувањето на изворите на информации за читателите на Википедија да овозможите проверливост нејзините содржини. Затоа додадете го Вашиот извор дури и кога не сте сигурни како правилно да го форматирате наводот, но обидете се да додадете доволно информации за да тој може да се идентификува, а останатите членови на Вики заедницата ќе го поправат форматирањето.

Краток преглед

Other Languages
беларуская (тарашкевіца)‎: Вікіпэдыя:Спасылкі на крыніцы
davvisámegiella: Wikipedia:Gáldut
hornjoserbsce: Wikipedija:Žórła
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Wikipedia:列明來源
norsk nynorsk: Wikipedia:Kjelder
oʻzbekcha/ўзбекча: Vikipediya:Manbalarga ishoratlar
ភាសាខ្មែរ: វិគីភីឌា:Citing sources
Simple English: Wikipedia:Citing sources
srpskohrvatski / српскохрватски: Wikipedia:Navođenje izvora