Вид (биологија)

Разните нивоа на системот на научна класификација. Живот Домен Царство Колено Класа Ред Семејство Род Вид

Зголеми
Хиерархијата на осумте главни таксономски рангови во биолошката класификација. Поситните меѓурангови не се прикажани.

Биолошкиот вид ( лат. species) е систематска единица, група од единки со заеднички морфофизиолошки, биохемиски и карактеристики во однесувањето, кои се способни за заемно вкрстување, со што даваат плодно потомство, закономерно распространето во пределите на еден определен ареал и подложно на влијанието од факторите на животната средина. Видот е реално постоечка генетички неделива единица на живиот свет, основна структурна единица во системите од организми и квалитативна етапа во еволуцијата на животот.

  • Својства

Својства

Еден вид може да се оддели од друг по низа својства:

  • Морфолошкиот критериум дозволува разграничување на разните видови по надворешните и внатрешните својства;
  • Физиолошко-биохемискиот критериум се фокусира на нееднаквоста во хемиските својства на разните видови;
  • Географскиот критериум сведочи за тоа дека секој вид преовладува во својот ареал;
  • Еколошкиот дозволува да се разликуваат видовите по комплексот на абиотички и биотички услови, во кои тие се создале и приспособиле на животот;
  • Репродуктивниот критериум обусловува репродуктивна изолација на еден вид од друг, па дури и блискусродствени.

Секој вид претставува посебен генетички систем, репродуктивно изолиран од другите видови.

Како резултат на нееднаквите услови на животната средина, секоја единка од еден вид во пределите на ареалот се распоредува на помали единици - популации. Реално видот постои како популација.

Видовите можат да бидат монотипни - со слабо диференцирана внатрешна структура, карактеристични се за ендемитите. Политипните видови се одликуваат со сложена внатревидова структура.

Внатрешно видовите можат да бидат поделени на подвидови - географски или еколошки одликувани делови на видот чии единки под влијание на факторите на средината во процесот на еволуција се здобиле со забележителни морфофизиолошки особености кои ги разликуваат од другите делови на истиот вид. Во природата, единките од разните подвидови на еден вид можат слободно да се вкрстуваат и да даваат плодно потомство.

Other Languages
Afrikaans: Spesie
Alemannisch: Art (Biologie)
العربية: نوع (تصنيف)
aragonés: Especie
asturianu: Especie
Avañe'ẽ: Juehegua
azərbaycanca: Bioloji növ
বাংলা: প্রজাতি
башҡортса: Төр (биология)
беларуская: Біялагічны від
беларуская (тарашкевіца)‎: Від (біялёгія)
भोजपुरी: प्रजाति
български: Вид (биология)
Boarisch: Oart (Biologie)
brezhoneg: Spesad
català: Espècie
Чӑвашла: Тĕс (биологи)
čeština: Druh
Cymraeg: Rhywogaeth
dansk: Art
English: Species
español: Especie
Esperanto: Specio
euskara: Espezie
Fiji Hindi: Species
français: Espèce
Frysk: Soarte
Gaeilge: Speiceas
galego: Especie
한국어: 종 (생물학)
hornjoserbsce: Družina (biologija)
hrvatski: Vrsta
Ilokano: Sebbangan
Bahasa Indonesia: Spesies
interlingua: Specie
italiano: Specie
Basa Jawa: Spésies
ಕನ್ನಡ: ಜಾತಿ
Kapampangan: Species
къарачай-малкъар: Биология тюрлю
ქართული: სახეობა
қазақша: Түр
Kiswahili: Spishi
Kreyòl ayisyen: Espès
Kurdî: Cure
Кыргызча: Түр
latviešu: Suga
Lëtzebuergesch: Aart
lietuvių: Rūšis
lumbaart: Spéce
magyar: Faj
മലയാളം: സ്പീഷീസ്
Malti: Speċi
მარგალური: გვარობა
Bahasa Melayu: Spesies
монгол: Зүйл
မြန်မာဘာသာ: မျိုးစိတ်
Nederlands: Soort
नेपाल भाषा: प्रजाति
日本語: 種 (分類学)
Napulitano: Specia
norsk: Art
norsk nynorsk: Art
oʻzbekcha/ўзбекча: Tur (biologiya)
ਪੰਜਾਬੀ: ਪ੍ਰਜਾਤੀ
پنجابی: سپیشیز
Patois: Spiishi
Piemontèis: Spece
Plattdüütsch: Oort (Biologie)
português: Espécie
Runa Simi: Rikch'aq
русиньскый: Вид (біолоґія)
Scots: Species
shqip: Lloji
Simple English: Species
slovenčina: Druh (taxonómia)
slovenščina: Vrsta (biologija)
کوردی: جۆرە
српски / srpski: Врста (биологија)
srpskohrvatski / српскохрватски: Vrsta
Basa Sunda: Spésiés
suomi: Laji
svenska: Art
Tagalog: Espesye
татарча/tatarça: Төр (биология)
తెలుగు: జాతి
Türkçe: Tür
Türkmençe: Biologik görnüş
українська: Вид (біологія)
اردو: نوع
vèneto: Spece
Tiếng Việt: Loài
West-Vlams: Sôorte
Winaray: Espesyis
ייִדיש: זגאל
粵語: 物種
中文: 物种