Бреша Калчо

Италија Бреша
Bresciacalcio new.png
Целосно имеБреша Калчо С.п.а.
Основан1911
СтадионСтадион Марио Ригамонти
Бреша, Италија
(Капацитет: 16,308)
ПретседателИталија Алесандро Триболди
ТренерИталија Роберто Боскалја
ЛигаСерија Б
2014–15Серија Б, 20-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Бреша Калчо е италијански фудбалски клуб со седиште во градот Бреша, Ломбардија. Во моментов се натпреварува во втората лига по ранг во Италија, Серија Б.

Клубот е основан во 1911 година и го држи рекордот по бројот на одиграни сезони во Серија Б со вкупно 53, вклучувајќи ги и 18-те по ред во периодот од 1947 до 1965, и биле победници три пати. Бреша има одиграно и 22 сезони во Серија А, каде најдобар пласман им е 7-мото место во сезоната 2001-2002, предводени од легендата на италијанскиот фудбал Роберто Баџо, исто така се квалификувале за Интертото купот за следната сезона и за прв пат во својата историја клубот заиграл во некое од европските натпреварувања. Во Интертото Бреша стигнала до финалето, но загубила од Париз Сен Жермен поради правилото гол во гости, откако во двата натпревари резултатот бил нерешен.

Боите на клубот се сината и белата. Својте домашни натпревари Бреша ги игра на стадионот Марио Ригамонти кој е со капацитет од 16,308 седечки места.

Other Languages
العربية: نادي بريشيا
беларуская (тарашкевіца)‎: Брэшыя (футбольны клюб)
български: Бреша Калчо
čeština: Brescia Calcio
español: Brescia Calcio
français: Brescia Calcio
hrvatski: Brescia Calcio
Bahasa Indonesia: Brescia Calcio
italiano: Brescia Calcio
latviešu: Brescia Calcio
lietuvių: Brescia Calcio
Nederlands: Brescia Calcio
português: Brescia Calcio
română: Brescia Calcio
sicilianu: Brescia Calcio
Simple English: Brescia Calcio
slovenčina: Brescia Calcio
српски / srpski: ФК Бреша
Türkçe: Brescia Calcio