Божествена комедија

Божествена комедија  
Alighieri - Divina Commedia, Nel mille quatro cento septe et due nel quarto mese adi cinque et sei - 2384293 id00022000 Scan00006.jpg
Почетна страна на првото испечатено издание на „Комедија“ од 1472 година
Автор Данте Алигиери
Наслов на
оригиналот
Комедија
Земја Италија Италија
Јазик тоскански дијалект
Жанр(ови) поема
Издадена 1304–1321
Оваа статија е дел од серијалот за
Божествена комедија од Данте
Пеколот · Чистилиштето · Рајот

Божeствена комедија ( италијански: Divina Commedia) поетски циклус на италијанскиот поет Данте Алигиери, составен од три дела: „ Пеколот“, „ Чистилиштето“ и „ Рајот“.

Постанокот на делото

Иако не се знае кога е точно напишано делото „Божествена комедија“, се смета дека Данте започнал да работи на неа во времето кога веќе бил во прогонство. Се смета дека Данте започнал со пишување на делото во 1308 година, а го завршил во 1320 година, една година пред неговата смрт. Притоа, со сигурност се знае дека „ Пеколот“ и „ Чистилиштето“ биле завршени пред април 1314 година, додека третиот дел „ Рајот“ бил напишан пред крајот на неговиот живот. [1] Иако Данте ја започнал „Божествената комедија“ со намера да го слави ликот на Беатриче, потоа делото добило многу поширок опфат, т.е. тоа претставува портрет на целиот средновековен општествен, политички, филозофски и културен свет. Притоа, Данте ја презел формата на алегоричната поема од средновековната поетска традиција, а во намерата своите сфаќања за потребата од повисока правда да ги направи достапни на пошироката јавност, тој одлучил делото да го напише на народен италијански јазик, наместо на латински јазик, како што било вообичаено да се пишува во тоа време. [2] Првобитно, поради содржината, која тече од тажен почеток кон среќен крај, и поради разбирливиот јазик на којшто е напишано, делото било наречено „Комедија“ (Commedia), [3] а подоцна бил наречен „Божествена“ (Divina) од страна на Џовани Бокачо. Првото печатено издание со насловот „Божествена комедија“ било она на хуманистот Лодовико Долче, издадено во 1555 година од Габриеле Џолито де Ферари. [4]

Other Languages
Alemannisch: Göttliche Komödie
aragonés: A Divina Comedia
azərbaycanca: İlahi Komediya
Bân-lâm-gú: Sîn-khiok
беларуская: Боская камедыя
беларуская (тарашкевіца)‎: Боская камэдыя
brezhoneg: Divina Commedia
čeština: Božská komedie
Ελληνικά: Θεία Κωμωδία
English: Divine Comedy
español: Divina comedia
فارسی: کمدی الهی
français: Divine Comédie
한국어: 신곡
Bahasa Indonesia: Divina Commedia
interlingua: Divin Comedia
italiano: Divina Commedia
Kiswahili: Divina Commedia
lumbaart: Divina Cumedia
日本語: 神曲
Piemontèis: Divin-a Comedia
Plattdüütsch: Göttliche Komödie
português: Divina Comédia
română: Divina Comedie
rumantsch: Divina Commedia
sicilianu: Divina Cummedia
Simple English: The Divine Comedy
slovenčina: Božská komédia
slovenščina: Božanska komedija
srpskohrvatski / српскохрватски: Divina Commedia
Türkçe: İlahi Komedya
Türkmençe: Ylahy komediýa
Tiếng Việt: Thần khúc
粵語: 神曲
中文: 神曲