Банана

Банана
Luxor, Banana Island, Banana Tree, Egypt, Oct 2004.jpg
Бананино дрво кај Луксор, Египет.
РодителиMusa acuminata × Musa balbisiana
Colla 1820
Сортна групапогл. Список на сорти на банани
ПотеклоЈугоисточна Азија, Јужна Азија

Банана е име на род на зелјести растенија (лат. Musa) и на економски значаен вид (Musa sapientium) од фамилијата Musaceae. Истото име се користи и за плодот на овие растенија, кој луѓето го користат во исхраната како овошје.[1][2]

Бананата е овошје кое од ботаничко гледиште претставува бобинка.[3] Таа е плод на неколку големи зелјести, скриеносемени, монокотиледони растенија од родот Musa.[4] Во некои земји, бананите се користат за варење, и тогаш се нарекуваат плантани. Ова овошје варира според величина, боја и цврстина, обично е издолжено и свиткано, со мек плод, богат со скроб и покриен со лушпа која може да биде зелена, жолта, црвена, пурпурна или кафена кај зрелите плодови. Плодовите растат во групи кои висат од врвот на растението. Скоро сите модерни, јадливи банани се партенокарпени (безсемени) банани кои потекнуваат од два диви вида - Musa acuminata и Musa balbisiana. Научните имиња на најчесто одгледуваните видови се: Musa acuminatа, Musa balbisiana и нивниот хибрид , што зависи од нивната геномска конституција. Постарото научно име, Musa sapientum, повеќе не е во употреба.

Природната животна средина на видовите од родот Musa се тропските предели на Индомалајската биогеографска област и Австралија, а се претпоставува дека првобитно почнал да се култивира во Папуа Нова Гвинеја.[5][6][7] Бананите се одгледуваат во најмалку 107 земји во светот,[8] првенствено поради плодот, а во помала мера поради производство на влакна, вино од банани, пиво од банани или како декоративно растение.

Не постои јасна разлика помеѓу термините "банана" и "плантани". Во Америка и Европа под терминот "банана" се подразбираат меки, слатки десертни банани, посебно од групата Кавендиш, кои се и главен извозен производ од земјите каде се одгледуваат. Спротивно на тоа, сортите од родот Musa со поцврсти плодови и побогати со скроб се нарекуваат "плантани". Во други региони, како што е Југоисточна Азија, се одгледуваат други типови на банани кои се употребуваат во исхраната, така да оваа поделба ниту е корисна ниту се употребува во локалните јазици.

Терминот "банана" се користи и како заедничко име за други растенија кои го создаваат овој плод.[4] Терминот може да се примени и за другите членови од родот Musa, како што се: скарлет банана (Musa coccinea), розова банана (Musa velutina) и Феи банана (Musa × troglodytarum). Овој термин може да се однесува и на членовите од родот Ensete, како што е снежната банана (Ensete glaucum) и, економски значајната, лажна банана (Ensete ventricosum). И двата рода се припадници на фамилијата Musaceae. Бананите се вреден извор на витамин Б6, витамин Ц и калиум.

Other Languages
Acèh: Pisang
Afrikaans: Piesang
Alemannisch: Banane
አማርኛ: ሙዝ
العربية: موز
aragonés: Banana
অসমীয়া: কল
asturianu: Plátanu
Atikamekw: Pananis
Aymar aru: Puquta
azərbaycanca: Banan
تۆرکجه: موز
বাংলা: কলা
Bahasa Banjar: Pisang
Bân-lâm-gú: Kin-chio
Basa Banyumasan: Gedhang
башҡортса: Банан
беларуская: Банан (плод)
беларуская (тарашкевіца)‎: Банан (плод)
भोजपुरी: केला
Bikol Central: Batag
Bislama: Banana
български: Банан (плод)
བོད་ཡིག: ངང་ལག
bosanski: Banana
brezhoneg: Bananez
буряад: Гадил
català: Banana
čeština: Banán
chiTumbuka: Ntochi
corsu: Banana
Cymraeg: Banana
dansk: Banan
ދިވެހިބަސް: ދޮންކެޔޮ
eesti: Banaan
Ελληνικά: Μπανάνα
English: Banana
español: Banana
Esperanto: Banano
euskara: Banana
eʋegbe: Akɔɖu
فارسی: موز
Fiji Hindi: Jaina
français: Banane
Gaeilge: Banana
Gaelg: Bananey
Gàidhlig: Banana
galego: Banana
贛語: 香蕉
ગુજરાતી: કેળાં
客家語/Hak-kâ-ngî: Khiûng-chiâu
한국어: 바나나
հայերեն: Բանան
हिन्दी: केला
hornjoserbsce: Banana
Ido: Banano
Ilokano: Saba
Bahasa Indonesia: Pisang
interlingua: Banana (fructo)
íslenska: Banani
italiano: Banana
עברית: בננה (פרי)
Basa Jawa: Gedhang
Kapampangan: Sagin
कॉशुर / کٲشُر: کیل
kaszëbsczi: Banan
қазақша: Банан
Kinyarwanda: Umuneke
Kiswahili: Ndizi
Kreyòl ayisyen: Bannann
kurdî: Mûz
Кыргызча: Банан
latviešu: Banāni
lingála: Etabé
la .lojban.: badna
lumbaart: Musa
magyar: Banán
Malagasy: Akondro
മലയാളം: വാഴ
मराठी: केळ
مصرى: موز
Bahasa Melayu: Pisang
Baso Minangkabau: Pisang
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Bă-ciĕu
монгол: Гадил
မြန်မာဘာသာ: ငှက်ပျော
Nederlands: Banaan (vrucht)
नेपाली: केरा
नेपाल भाषा: म्वाय्
日本語: バナナ
нохчийн: Банан
norsk: Bananer
norsk nynorsk: Banan
occitan: Banana
ଓଡ଼ିଆ: କଦଳୀ
oʻzbekcha/ўзбекча: Banan
ਪੰਜਾਬੀ: ਕੇਲਾ
پنجابی: کیلا
پښتو: كيله
ភាសាខ្មែរ: ចេក
Tok Pisin: Banana
polski: Banan (owoc)
português: Banana
reo tahiti: Meià
русиньскый: Банан
русский: Банан
ᱥᱟᱱᱛᱟᱲᱤ: ᱠᱟᱭᱨᱟ
Gagana Samoa: Fa'i
संस्कृतम्: कदलीफलम्
sardu: Banana
Scots: Bananae
Sesotho sa Leboa: Panana
Setswana: Banana
shqip: Bananja
sicilianu: Banana
සිංහල: කෙසෙල්
Simple English: Banana
سنڌي: ڪيلو
slovenčina: Banán
slovenščina: Banana
Soomaaliga: Moos
کوردی: مۆز
српски / srpski: Банана
srpskohrvatski / српскохрватски: Banana
Basa Sunda: Cau
suomi: Banaani
svenska: Banan
Tagalog: Saging
తెలుగు: అరటి
ไทย: กล้วย
тоҷикӣ: Банан (мева)
ᏣᎳᎩ: ᏆᏁᎾ
Tsetsêhestâhese: Vóhka'émene
Türkçe: Muz
українська: Банан (плід)
اردو: کیلا
Vahcuengh: Gyoijhom
Tiếng Việt: Chuối
Volapük: Benen
West-Vlams: Bananne
Winaray: Saging
吴语: 香蕉
ייִדיש: באנאן
粵語: 香蕉
中文: 香蕉