Ахмед III

Osmanli-nisani.svg    Ахмед III
Отомански султан
Калиф
Tughra of Ahmed III.JPG
Владеење28 декември 1703 – 20 септември 1730
ПериодСтагнација на Отоманската империја
Полно имеАхмед III
ПретходникМустафа II
НаследникМахмуд I
СемејствоОтоманска династија
ДинастијаОтоманска династија

Ахмед III (отомански јазик: احمد ثالث ahmed-i sālis) (30 декември 1673 - 20 септември 1736 во Цариград)) бил дваесетитретиот султан на Отоманската империја, син на Мехмед IV (1648-1687) и Еметулах Рабија Ѓулнуш султан која имала грчко потекло[1][2][3][4][5][6]. Ахмед III бил роден во Добруџа. Тој го наследи на престолот во 1703 на абдикација на неговиот брат Мустафа II (1695-1703). Ја предводил успешната Прутска војна против Русија во 1711 и неуспешната војна со Австрија и Венеција (1715-1718). Мирот со Петар I ги охрабрил Турците на непријателства против Венеција и Австрија, но војната била изгубена и биле изгубени голем број на територии во Источна Европа, но и во Северна Африка (Алжир, Тунис).Отоманската Империја продолжила да се топи. Управителите умувале дека спасението е во враќање на старите добри обичаи и военото зајакнување: “ бидејќи нашата држава добиена со нож и меч само со нож и меч може да биде одржана.“

Биографија

Ахмед III одржувал добри односи со Франција а неговите две жени биле по потекло од Франција. По Бтката кај Полтава Ахмед му понудил засолниште на шведскиот крал Чарлс XII од Шведска (1682-1718). Сепак, шврдскиот крал го убедил да започне нова војна со Русија во историјата позната како Прутска војна. Во следните години бил разгледуван план за голема војна против Русија кон Москва но истиот не започнал бидејќи во престолнината Цариград пристигнал извештај[7][8] според кој Сефевидите ја нападнале Османлиската Империја.

Султан Ахмед III стана непопуларен поради прекумерниот раскош и луксуз во кој тој и неговите главни везири живееле. На 20 септември 1730 избувнал бунт од страна на јаничарите на чело со Патрона Халил. Востанието било толку големо што довело Ахмед да се откаже од престолот.

Така тој доброволно го предал престолот на неговиот внук Махмуд I (1730-1754). По ова Ахмед бил затворен во кафезот на Топкапи сарај каде починал по шест години.

Владеењето на Ахмед III кое траело 27 години иако било одбележано со големи порази во Големата турска војна, сепак имало и успеси. Тој ги вратил Азовското Море и Мореја и освоил дел од Персија. Тој бил голем покровител на литературата и уметноста. Во негово време била направена првата печатарска преса на арапски и турски јазик во Цариград. Претходно печатарската преса била воведена уште во 1480 година, но сите дела биле објавувани на грчки, ерменски, или хебрејски. Исто така во текот на неговото владеење се појавиле и Фанариотите, грчка елита која зазела голема улога во управувањето на империјата. Во периодот по 1711 година, добар дел од Фанариотите станале господари, војводи или кнезови во дунавските кнежества Молдавија и Влашка.

Неговата жена Амина Михришах султан го родила Мустафа III, додека пак Рабија султан го родила Абдул Хамид I.

Other Languages
Afrikaans: Ahmet III
العربية: أحمد الثالث
azərbaycanca: III Əhməd
Bân-lâm-gú: Ahmed 3-sè
български: Ахмед III
bosanski: Ahmed III
brezhoneg: Ahmet III
català: Ahmet III
čeština: Ahmed III.
Deutsch: Ahmed III.
eesti: Ahmed III
Ελληνικά: Αχμέτ Γ΄
English: Ahmed III
español: Ahmed III
Esperanto: Ahmedo la 3-a
euskara: Ahmed III.a
فارسی: احمد سوم
français: Ahmet III
հայերեն: Ահմեդ III
हिन्दी: अहमद तृतीय
hrvatski: Ahmed III.
Bahasa Indonesia: Ahmed III
italiano: Ahmed III
ქართული: აჰმედ III
қазақша: III Ахмет
latviešu: Ahmeds III
Bahasa Melayu: Ahmed III
Nederlands: Ahmet III
日本語: アフメト3世
norsk: Ahmed III
oʻzbekcha/ўзбекча: Ahmad III
پنجابی: احمد ۳
polski: Ahmed III
português: Amade III
русский: Ахмед III
Scots: Ahmed III
српски / srpski: Ахмед III
srpskohrvatski / српскохрватски: Ahmed III
suomi: Ahmed III
svenska: Ahmed III
Türkçe: III. Ahmed
українська: Ахмед III
Tiếng Việt: Ahmed III
Zazaki: Ahmed III