Афроамериканци

Афроамериканци
Вкупен број
40.695.277[1]
12,7% од вкупното население на САД (2015)
Подрачја со значајно население
Низ Соединетите Држави, особено на американскиот Југ и урбаните подрачја
Јазици
англиски (дијалекти на американски англиски, афроамерикански англиски)
Луизијански креолски јазик
Гала
Вероисповед
предоминантно протестанти (78%)
малцински: католици (5%), Јеховини сведоци (1%), муслимани (1%); нерелигиозни (12%)[2]
Афроамериканци по државите на САД во 2010 година

  помалку од 2%
  2% -5%
  5% - 10%
  10% - 15%
  15% - 20%

  20% - 25%
  25% - 30%
  30% - 35%
  35% - 40%

Афроамериканци или Африкански Американци – поим кој денес во Соединетите Американски Држави се користи службено за да ги означи жителите со црна боја на кожата, односно, потомците на африканските робови доведени во Северна Америка меѓу XVII и XIX век.

Овој поим, кој прв почнал да го користи црниот националистички водач Малколм Икс, настојува да го замени поимот „црнци“ англиски: Blacks, кој во тогашната црнечка заедница се сметал за еднакво навредлив како „негро“ и „обоени“. Поимот, наместо по раса, американските црнци требало да ги идентификува според областа од каде потекнуваат нивните предци и така да ги изедначи со етничките групи во американската нација како што се Италоамериканците или Порториканците.

Според податоците на американското Биро за попис на населението, во САД живеат 40,7 милиони Афроамериканци, кои претставуваат 12,7% од вкупното население. Според пописот од 2000 година 58,4% од нив живеат на американскиот југ. Но, 88% од сите Афроамериканци живеат во големите градови, така што во некои од нив, како Гери, Детроит, Атланта, Мемфис и Вашингтон, тие се мнозинство.

Поимот „Афроамериканци“ во 1990-тите години, во времето на „политичка коректност“, се одомашил во американската јавност и влегол во службена употреба. Но, истовремено предизвикал доста контроверзии, со оглед дека неговата употреба предизвикувал низа недоразбирања и збрки.

Така поимот се користи исклучиво за лицата со црна боја на кожата, а не се применува на Американците со бела боја на кожата кои емигрирале од Африка или оттаму им потекнуваат предците (Бербери, Африканери).

Истовремено овој поим се користи за секое лице со црна боја на кожата кое живее на територијата на САД, без разлика дали истото му припаѓа на некоја специфична етничка група како што се Јамајканците или Хаиќаните.

Other Languages
Afrikaans: Afro-Amerikaners
azərbaycanca: Afroamerikalılar
беларуская: Афраамерыканцы
беларуская (тарашкевіца)‎: Афраамэрыканцы
български: Афроамериканци
Boarisch: Afroamerikana
bosanski: Afroamerikanci
čeština: Afroameričané
Esperanto: Afrik-usonanoj
euskara: Afro-amerikar
føroyskt: Afroamerikanarar
français: Afro-Américains
客家語/Hak-kâ-ngî: Fî-yí Mî-koet Het-ngìn
hrvatski: Afroamerikanci
Bahasa Indonesia: Afrika-Amerika
Iñupiak: Taaqsipak
italiano: Afroamericano
Basa Jawa: Afrika-Amérika
Kiswahili: Wamarekani weusi
latviešu: Afroamerikāņi
Bahasa Melayu: Orang Amerika Afrika
Baso Minangkabau: Afrika-Amerika
Nederlands: Afro-Amerikanen
Nedersaksies: Afrikaans-Amerikaans
norsk nynorsk: Afroamerikanarar
Papiamentu: Afro-Merikano
português: Afro-americanos
română: Afro-americani
Simple English: African-American people
slovenčina: Afroameričan
Soomaaliga: Dadka Madoow
српски / srpski: Afroamerikanci
srpskohrvatski / српскохрватски: Afroamerikanci
Tsetsêhestâhese: Mo'ôhtameöhtsêstse
Türkçe: Afroamerikan
українська: Афроамериканці
Tiếng Việt: Người Mỹ gốc Phi
Zazaki: Afroamerikan