Аспасија

Откриена во 1777 година, оваа мермерска херма е римска копија на оригиналот од 5-ти век п.н.е. и е можно да претставува погребна стела на Аспасија.

Аспасија (Aspasia; старогрчки: Ἀσπασία; околу 470 пр.н.е.[1][2] во Милет; † 400 пр.н.е.[1][3] во Атина) — влијателен имигрант во Атина која била придружник на државникот Перикле.

Биографија

Аспасија и Перикле имале син со име Перикле Младиот, но сите детали за нивниот брачен статус не се познати. Според Плутарх, нејзината куќа станала интелектуален центар во Атина, привлекувајќи ги најистакнатите писатели и мислители, вклучувајќи го и филозофот Сократ. Исто така, се сугерира дека учењата на Аспасија влијаеле врз Сократ. Така, од неа Сократ ја изучувал поезијата, Платон философијата, а Перикле говорништвото.[4] Аспасија била спомената во пишувањето на филозофите Платон, Аристофан, Ксенофонт и други автори од тоа време. Иако таа го поминала поголемиот дел од својот живот во Грција, само неколку детали од нејзиниот живот се целосно познати. Улогата на Аспасија во историјата обезбедува клучен увид за разбирањето на жените на античка Грција. Многу малку се знае за жените од нејзиниот временски период. Всушност, еден научник изјавил дека, да се поставуваат прашања за Аспасија, е да се поставуваат прашања за половина од човештвото.[5]

Other Languages
العربية: أسبازيا
azərbaycanca: Aspaziya
беларуская: Аспасія
български: Аспазия
brezhoneg: Aspasia
čeština: Aspasia
Ελληνικά: Ασπασία
English: Aspasia
فارسی: آسپاسیا
français: Aspasie
galego: Aspasia
한국어: 아스파시아
հայերեն: Ասպասիա
Bahasa Indonesia: Aspasia
íslenska: Aspasía
עברית: אספאסיה
ಕನ್ನಡ: ಆಸ್ಪೇಷಿಯ
ქართული: ასპასია
Latina: Aspasia
latviešu: Aspasija
മലയാളം: അസ്പേഷെ
Mirandés: Aspásia
Nederlands: Aspasia
日本語: アスパシア
norsk: Aspasia
polski: Aspazja
português: Aspásia
Ripoarisch: Aspahsija
русский: Аспасия
slovenščina: Aspazija iz Mileta
српски / srpski: Аспасија
srpskohrvatski / српскохрватски: Aspazija
suomi: Aspasia
svenska: Aspasia
Türkçe: Miletli Aspasia
українська: Аспасія