Археологија
English: Archaeology

Археологијанаука која ги изучува материјалните остатоци, односно сите видливи траги на човечката дејност заради запознавање на нивната содржина во одредено време и простор, како и заради нивното значење во одредено социјално, економско и историско опкружување. Иако оваа наука вообичаено се поврзува со „старите работи“, односно со дамнешното минато, со неа се опфаќа временски период од најстарите материјални остатоци па се до нашето современие.

Регистрирањето и собирањето на овие наоди се прави со помош на теренски истражувања (рекогносцирање и ископување на материјалните остатоци зарди собирање на матријал и формирање на археолошка документација), после кои следат обработка, систематизација, документација на наодите и нивна анализа и интерпретација. Обемот и содржината на сите етапи од археолошкото истражување зависат непосредно од целта на истото, односно од пристапот кој е одбран како адекватен на таа цел.

Цели на археологијата се да го документира и објасни потеклото и развојот на човечката култура, човечка историја, културна револуција, и човечко однесување и екологија. Таа е единствената дисциплина што на располагање има своја методологија и теорија за собирање и интерпретирање на информации врзани за незапишаното човечко минато, и исто така може да донесе критички придонес во нашето разбирање на документираните општества.

Основата на името Археологија доаѓа од грчките зборови αρχαίος = прастар и λόγος = збор/говор. Со оглед на огромниот временски дијапазон опфатен со археолошки истражувања, утврдена е поделбата на повеќе археолошки периоди. Праисториската археологија, на пример, го проучува временскиот период од најстарите регистрирани материјални остатоци, односно култури, до појавата на првите пишани документи во одредени култури. Во Европа праисториската археологија ги опфаќа палеолитот, мезолитот, неолитот, енеолитот бронзеното и железното доба.

Протоисториска археологија исто така се занимава со проучување на археолошки документирани култури за кои нема директни пишани траги, туку се спомнуваат во историските документи од истовремените култури или содржат елементи на контакт со тие култури (бронзено доба и железно доба).

Како последица на географската распространетост на остатоците од материјалната култура од разни периоди, се создала потреба да се издвојат посебни географски области на проучување (на пр. aфриканска, азиска, австралиска) и др.

Other Languages
Afrikaans: Argeologie
Alemannisch: Archäologie
አማርኛ: ሥነ ቅርስ
العربية: علم الآثار
aragonés: Arqueolochía
asturianu: Arqueoloxía
azərbaycanca: Arxeologiya
Bân-lâm-gú: Khó-kó͘-ha̍k
башҡортса: Археология
беларуская: Археалогія
беларуская (тарашкевіца)‎: Археалёгія
български: Археология
Boarisch: Archäologie
bosanski: Arheologija
brezhoneg: Arkeologiezh
català: Arqueologia
Cebuano: Arkeyolohiya
čeština: Archeologie
Cymraeg: Archaeoleg
dansk: Arkæologi
Deutsch: Archäologie
Ελληνικά: Αρχαιολογία
emiliàn e rumagnòl: Archeologî
English: Archaeology
español: Arqueología
Esperanto: Arkeologio
estremeñu: Arqueologia
euskara: Arkeologia
français: Archéologie
Frysk: Archeology
furlan: Archeologjie
Gàidhlig: Àrc-eòlas
galego: Arqueoloxía
客家語/Hak-kâ-ngî: Kháu-kú-ho̍k
한국어: 고고학
hrvatski: Arheologija
Bahasa Indonesia: Arkeologi
interlingua: Archeologia
Interlingue: Archeologia
íslenska: Fornleifafræði
italiano: Archeologia
kalaallisut: Ittarnisarsiorneq
ქართული: არქეოლოგია
kaszëbsczi: Archeòlogijô
қазақша: Археология
Kiswahili: Akiolojia
Kreyòl ayisyen: Akeyoloji
kurdî: Arkeolojî
Кыргызча: Археология
Ladino: Arkeolojiya
Latina: Archaeologia
latviešu: Arheoloģija
Lëtzebuergesch: Archeologie
lietuvių: Archeologija
Ligure: Archeologia
Limburgs: Archeologie
Lingua Franca Nova: Arceolojia
Livvinkarjala: Arheolougii
magyar: Régészet
მარგალური: არქეოლოგია
Bahasa Melayu: Arkeologi
Mirandés: Arqueologie
монгол: Археологи
Nederlands: Archeologie
Nedersaksies: Ooldheaidkeunde
नेपाल भाषा: पुरातत्व
日本語: 考古学
Napulitano: Archeologgia
norsk: Arkeologi
norsk nynorsk: Arkeologi
Nouormand: Archéologie
occitan: Arqueologia
олык марий: Археологий
oʻzbekcha/ўзбекча: Arxeologiya
ភាសាខ្មែរ: បុរាណវិទ្យា
Picard: Arkéolodjie
Tok Pisin: Akiolosi
Plattdüütsch: Archäologie
polski: Archeologia
português: Arqueologia
Qaraqalpaqsha: Arxeologiya
română: Arheologie
русиньскый: Археолоґія
русский: Археология
саха тыла: Археология
sicilianu: Archioluggìa
Simple English: Archaeology
slovenčina: Archeológia
slovenščina: Arheologija
српски / srpski: Археологија
srpskohrvatski / српскохрватски: Arheologija
Basa Sunda: Arkéologi
suomi: Arkeologia
svenska: Arkeologi
Tagalog: Arkeolohiya
tetun: Akarolojia
Türkçe: Arkeoloji
Türkmençe: Arheologiýa
українська: Археологія
اردو: آثاریات
vèneto: Archiołogia
Tiếng Việt: Khảo cổ học
Volapük: Vönotav
West-Vlams: Archeologie
Winaray: Arkeyolohiya
ייִדיש: ארכעאלאגיע
粵語: 考古
Zazaki: Arkeolociye
Zeêuws: Archeolohie
žemaitėška: Arkeuoluogėjė
中文: 考古学