Арлберг

Арлберг
Arlberg passstrasse.jpg
Поглед на Арлберг и превалецот во зима
Надм. вис.1.793 метри
ПатB 197
МестоположбаАвстрија
ВенецАлпи
Координати

Арлберг - планински масив меѓу Предарлска и Тирол во Австрија.

Највисокиот врв е „Валуга“ со 2.811 m. Името Арлберг произлегува од традицијата на „Арленбурзите“ кои некогаш се населиле на тиролската страна од Арлбершкиот превалец (1793 m надморска висина). Нема планина со име „Арлберг“. Популарни места и познати ски-центри во Арлберг се Лех, Цирс, Штубен, Сент Кристоф и Сент Антон.

Превои и Арлбершкиот тунел

Превалецот бил познат уште во 14 век во форма на тесна коњска патека кога луѓето во областа почнале да тргуваат со сол. Бидејќи Арлберг бил многу слабо развиен, со векови трговците го заобиколувале и оделе преку Ферн Пас и Именштат. Развојот на текстилната индустрија и поштенската услуга довеле до воспоставување на патишта во 1824 година.

Со развојот на моторниот сообраќај во 20 век тие станале несоодветни. Било решено да се изгради тунел долг 14 km меѓу Ланген и Сент Антон. Работите почнале на 5 јули 1974 година и тунелот бил пуштен во сообраќај на 1 декември 1978 година. Поминувањето низ тунелот се наплаќа додека за поминување по стариот пат не се наплаќа патарина. Особеност на тунелот е што всушност се состои од два тунела.

Other Languages
azərbaycanca: Arlberq
български: Арлберг
dansk: Arlberg
Deutsch: Arlberg
eesti: Arlberg
English: Arlberg
эрзянь: Арльберг
español: Arlberg
français: Arlberg
հայերեն: Արլբերգ
ქართული: არლბერგი
Latina: Arula
lietuvių: Arlbergas
Nederlands: Arlberg
norsk: Arlberg
polski: Arlberg
русский: Арльберг
suomi: Arlberg
svenska: Arlberg
українська: Арльберг