Аполон

Римска копија од оригиналот на Поликлет од 5 век п.н.е.
Apollo sauroctonus, римска копија во Лувр
Аполон со лира, еден од неговите симболи, претставен преку статуа од 1 век.
Глава на Аполон, мермер, римска копија на оригинал од 4 век п.н.е.

Аполон или Феб (старогрчки: Ἀπόλλων) во старогрчката митологија а подоцна и во римската бил еден од главните божества на Олимп, заштитник на земјата, пролетта, ловот, младината, музиката, поезијата, пророчките моќи, танцот, морето, светлоста и сонцето, предводник на музите. За неговото раѓање постојат повеќе варијанти, а најчестата е онаа според која се раскажува дека е син на Зевс и Лета (или Латона кај Римјаните), брат близнак на божицата Артемида[1] (кај Римјаните Дијана). Митот раскажува дека Аполон и Артемида биле плод од вонбрачната врска на Ѕевс и Лета и кога божицата Хера разбрала за тоа многу се налутила и, сакајќи да ѝ се одмазди на Лета, ѝ забранила да ги роди на било која земја, било тоа континент или остров. Очајна, Лета талкала сè додека не стигнала до островот Делос кој, согласно митот, не бил целосно прицврстен за почвата и така токму таму, Лета можела да го роди Аполон.[2]

Култот кон Аполон

Култот кон богот Аполон се негувал во бројни места во грчкиот и римскиот свет од кои најпознатото е секако Делфи. За разлика од другите божества кои имале соодветни еквиваленти во римската митологија, овој бог бил директно преземен од Старите Грци. Така на пример, за време на Втората пунска војна биле воведени олимписки игри во чест на богот Аполон, а култот бил засилен во времето на императорот Август кој, за да ја зацврсти власта, тврдел дека води потекло токму од Аполон.

Во етрурската митологија можно е да се најде некоја врска меѓу Аполон и етрурскиот бог на громовите, Аплу или Апуло. Сепак, сѐ уште не е сосем јасно дали Етрурците го презеле овој бог од грчката митологија.

Other Languages
Afrikaans: Apollo
Alemannisch: Apollon
asturianu: Apolu
azərbaycanca: Apollon (mifologiya)
تۆرکجه: آپولون
বাংলা: অ্যাপোলো
Bân-lâm-gú: Apollo
беларуская: Апалон
беларуская (тарашкевіца)‎: Апалён
български: Аполон
Boarisch: Apollon
བོད་ཡིག: ཨ་པོ་ལུའོ།
bosanski: Apolon
brezhoneg: Apollon
català: Apol·lo
čeština: Apollón
Cymraeg: Apollo
dansk: Apollon
Deutsch: Apollon
eesti: Apollon
Ελληνικά: Απόλλων
English: Apollo
español: Apolo
Esperanto: Apolono
euskara: Apolo
فارسی: آپولون
français: Apollon
furlan: Apol
galego: Apolo
한국어: 아폴론
հայերեն: Ապոլլոն
हिन्दी: अपोलो
hrvatski: Apolon
Bahasa Hulontalo: Apollo
Ido: Apollon
Bahasa Indonesia: Apollo (mitologi)
interlingua: Apollon
íslenska: Apollon
italiano: Apollo
עברית: אפולו
ಕನ್ನಡ: ಅಪೊಲೊ
ქართული: აპოლონი
kernowek: Appolyn
Kiswahili: Apolo
Кыргызча: Аполлон
Latina: Apollo
latviešu: Apollons
Lëtzebuergesch: Apollo (Mythologie)
lietuvių: Apolonas
magyar: Apollón
മലയാളം: അപ്പോളോ
मराठी: अपोलो
مصرى: ابولو
مازِرونی: آپولو
Bahasa Melayu: Apollo
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Ā-pŏ̤-lò̤
नेपाली: एपोलो
日本語: アポローン
norsk: Apollon
norsk nynorsk: Apollon
Nouormand: Apollon
occitan: Apollon
oʻzbekcha/ўзбекча: Apollon
ਪੰਜਾਬੀ: ਅਪੋਲੋ
Plattdüütsch: Apollon
português: Apolo
русиньскый: Аполлон
русский: Аполлон
Scots: Apollo
shqip: Apoloni
Simple English: Apollo
slovenčina: Apolón
slovenščina: Apolon
српски / srpski: Аполон
srpskohrvatski / српскохрватски: Apolon
suomi: Apollon
svenska: Apollon
Tagalog: Apollo
தமிழ்: அப்பல்லோ
татарча/tatarça: Apollon
тоҷикӣ: Аполлон
ᏣᎳᎩ: ᎠᏉᎳ
Türkçe: Apollon
українська: Аполлон
اردو: اپالو
vepsän kel’: Apollon
Tiếng Việt: Apollo
Winaray: Apollo
吴语: 阿波罗
粵語: 阿波羅
中文: 阿波罗