Андриј Шевченко

Андриј Шевченко
Andriy Shevchenko 2017.jpg
Лични податоци
Полно имеАндриј Шевченко
Роден на29 септември 1976 (1976-09-29) (42 г.)
Роден воДвиркишчина, СССР
Позицијанапад
Клупски податоци
Сегашен клубФК Динамо Киев
Број7
Младинска кариера
1986–1994ФК Динамо Киев
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1994–1999ФК Динамо Киев117(60)
1999–2006ФК Милан208(127)
2006–2009ФК Челзи48(9)
2008–2009ФК Милан (п)18(0)
2009–2012ФК Динамо Киев55(23)
Репрезентација
1994–1995Украина U188(5)
1994–1995Украина U217(6)
1995–2012Украина111(48)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 23 октомври 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 19 јуни 2012

Андриј Миколајович Шевченко (укр. Андрій Миколайович Шевченко) (Двиркившчина, Киевска област, 29 септември 1976) е поранешен украински фудбалер кој важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот. Во 2004 година беше награден со престижната Златна топка. Во својата кариера бил играч на Динамо Киев, Милан и Челси, како и на украинскиот национален тим.

Познат бил како фудбалер со неверојатен инстинкт за постигнување голови, бидејќи моментално е трет најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите, со дадени 59 голови, веднаш зад Раул (77) и Филипо Инзаги (70). Исто така важи и за трофеен спортист, а како негови најголеми дострели се сметаат титулата со Милан во Лигата на шампионите (сезона 2002/2003) и Скудетото во Серија А (2003/2004). На репрезентативен план, под водство на тренерот Олег Блохин, успеал со Украина да влезе во четвртфиналето на Светското првенство 2006 год, каде загубиле од подоцнежниот првак Италија.

На 28 јули, 2012 год. се повлекол од активното играње фудбал. Неговиот последен натпревар бил на Евро 2012, каде Украина биле домаќини, и тоа против фудбалската репрезентација на Англија. Последниот клуб во кој настапувал бил Динамо Киев.

Other Languages
azərbaycanca: Andrey Şevçenko
Bân-lâm-gú: Andriy Shevchenko
беларуская (тарашкевіца)‎: Андрэй Шаўчэнка
български: Андрий Шевченко
Bahasa Indonesia: Andriy Shevchenko
Bahasa Melayu: Andriy Shevchenko
Nederlands: Andrij Sjevtsjenko
oʻzbekcha/ўзбекча: Andriy Shevchenko
português: Andriy Shevchenko
Simple English: Andriy Shevchenko
српски / srpski: Андриј Шевченко
srpskohrvatski / српскохрватски: Andrij Ševčenko
粵語: 舒夫真高
žemaitėška: Andrej Ševčenko