Ангус Јанг

Ангус Јанг
На концерт - Келн, Германија 2001
На концерт - Келн, Германија 2001
Основни податоци
Роден(а) 3 март 1955
Шкотска Глазгов, Шкотска
Потекло Глазгов, Велика Британија
Жанр(ови) Рокенрол, Хард рок, Хеви метал, Блус рок
Занимање/ња гитарист, текстописец, продуцент
Инструмент(и) Гитара
Години активност 1973 - до сега
Прод. куќа/ќи EMI, Epic, Atlantic, Albert
Сродни групи AC/DC
Веб-место acdc.com
Значаен/јни инструмент(и)
Gibson SG)

Ангус МакКинон Јанг ( англиски: Angus Young; р. 31 март 1955) — главен гитарист, песнописец и еден од основачите на австралиската хард рок група AC/DC. Тој е познат по своите диви, енергични настапи на сецената и својата школска униформа со која настапува. Тој е рангиран на 96-то место на Роулинг Стоуновата листа на „100 Најдобри Гитаристи на Сите Времиња“.

Биографија

Јанг е роден во Шкотска, како едно од седумте деца на Вилијам и Маргарет Јанг. Во 1963 година заедно со фамилијата се преселуваат во Австралија каде на 15 годишна возраст завршува со школување. Под влијание на неговиот брат се развива во него желбата за музика. Сѐ започна кога неговата мајка за Божиќ им купи акустични гитари нему и на неговиот постар брат Малколм. Јанг се посветил на гитарата и напорно вежбал

, свирејќи познати хитови на легендите како Чак Бери, Елвис Присли и Роберт Џонсон. Поканет од неговиот брат Малколм да му се придружи на новоформираната група, тој се согласува.

Ангус Јанг со Бон Скот, 1979

Хоби на Ангус му е цртање на пејзажи. Тој е голем противник на спортот и дрогата, единствено е пушач на цигари. За време на концерти тој го презентира својот „пајкин ôд“(„duck-walk“), преземен од Чак Бери. Огромно влијание врз неговиот начин на свирење имаа гитаристи како Чак Бери и Мади Вотерс. Тој е еден од пониските гитаристи, висок е само 157 сантиметри.

Иако е сметан за еден од најдобрите гитаристи во светот , тој признава дека неговиот брат Малколм е подобар. Во еден од разговорите со него тој вели дека не видел посилна десна рака од Малколмовата.

Other Languages
العربية: أنغوس يونغ
asturianu: Angus Young
български: Ангъс Йънг
Boarisch: Angus Young
bosanski: Angus Young
brezhoneg: Angus Young
català: Angus Young
čeština: Angus Young
Cymraeg: Angus Young
Deutsch: Angus Young
Ελληνικά: Άνγκους Γιανγκ
English: Angus Young
español: Angus Young
Esperanto: Angus Young
euskara: Angus Young
فارسی: انگس یانگ
français: Angus Young
galego: Angus Young
한국어: 앵거스 영
Հայերեն: Անգուս Յանգ
hrvatski: Angus Young
Bahasa Indonesia: Angus Young
italiano: Angus Young
latviešu: Anguss Jangs
Lëtzebuergesch: Angus Young
lietuvių: Angus Young
magyar: Angus Young
Malagasy: Angus Young
Bahasa Melayu: Angus Young
Nederlands: Angus Young
norsk nynorsk: Angus Young
occitan: Angus Young
polski: Angus Young
português: Angus Young
română: Angus Young
Runa Simi: Angus Young
русский: Янг, Ангус
sicilianu: Angus Young
Simple English: Angus Young
slovenčina: Angus Young
slovenščina: Angus Young
српски / srpski: Ангус Јанг
srpskohrvatski / српскохрватски: Angus Young
svenska: Angus Young
Türkçe: Angus Young
українська: Ангус Янг
Tiếng Việt: Angus Young
Winaray: Angus Young