Ана Политковскаја

Ана Политковскаја
Анна Политковская
Mogila Anna Politkovskaya.jpg
Роден/а 30 август 1958(1958-08-30)
Њујорк, САД
Починат/а 7 октомври 2006(2006-10-07) (воз. 48 г.)
Москва
Занимање новинар, автор
Националност руско и американско државјанство
Универзитет Московски државен универзитет Ломоносов
Период 1982–2006
Предмет Политика, Човекови права, слобода на медиумите
Значајни дела Путинова Русија
Значајни награди Amnesty International Global Award for Human Rights Journalism
2001

Ана Степановна Политковскаја ( 30 август 1958 - 7 октомври 2006) е руска новинарка и заштитник на човековите права, позната по својата критична позиција кон политиката на рускиот претседател Владимир Путин, како и со своите воени репортажи од Чеченија и Северен Кавказ, кои раскажуваат како руските војници се однесувале со мирното население таму. На 7 октомври 2006 година таа била застрелана во лифтот пред станот во кој живела. Нејзиното убиство предизвикало силни реакции во целиот свет [1]. Според некои, тоа било по нарачка на руските власти.

Постхумно Ана Политковскаја е добитничка на престижната награда за слобода на печатот во светот „Гиљермо Кано“ за 2007 година, што ја доделува УНЕСКО. Наградата постхумно била доделена за првпат. Политковскаја е позната особено според извештаите за воените случувања во Чеченија, како колумнист на дневникот „Новаја Газета“, а нејзината работа била призната ширум светот. Помеѓу бројните награди што ги добила е и „Златно перо на Русија“ и специјалното признание на жирито на наградата „Андреј Сахаров“, „За жртвување на животот за новинарството“.

Other Languages
azərbaycanca: Anna Politkovskaya
беларуская (тарашкевіца)‎: Ганна Паліткоўская
bosanski: Ana Politkovska
Bahasa Indonesia: Anna Politkovskaya
Bahasa Melayu: Anna Politkovskaya
Nederlands: Anna Politkovskaja
norsk nynorsk: Anna Politkovskaja
português: Anna Politkovskaia
Simple English: Anna Politkovskaya
slovenščina: Ana Politkovska
српски / srpski: Ана Политковска
srpskohrvatski / српскохрватски: Ana Politkovskaja
татарча/tatarça: Анна Политковская