Анархизам

Општествени уредувања

Дел од серијалот Политика

Список на општествени уредувања

Комунистичка држава
Непосредна демократија
Репрезентативна демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Портал Политика ·

Анархизамполитичка теорија која се залага за елиминација на задолжителната власт (државата) како непотребна, штетна и непосакувана и го поддржува укинувањето на сите политички, економски и општествени хиерархии. [1][2][3][4][5] Таквото општество за кое се залагаат анархистите, тие го нарекуваат анархија. Анархизмот може да се дефинира и како, став дека општеството може и треба да биде организирано без насилната држава. Анархизмот вообичаено е сметан за радикална левичарска идеологија.[6][7][8] Постојат многу типови и традиции на анархизам, не сите од нив се меѓусебно исклучиви.[9] Анархистите имаат различни ставови за економската и легалната организација на општеството: некои претпочитаат колективистички анархизам, анархосиндикализам или партиципаторна економија, додека други поддржуваат пазарна економија и приватна сопственост како мутуализмот, а други пак, како анархокомунистите предлагаат економија на подароци, т.е. „на секому според потребите“. Уште од 1890-тите во Франција терминот „либертеријанизам“ често се користел како синоним за анархизмот и тоа било така сè до 1950-тите кога во САД тој збор добива поинакво значење, но надвор од САД сѐ уште се употребува тој збор како синоним со анархизмот.

Потекло

Модерниот анархизам, се раѓа од секуларната мисла на Просветителството, особено од аргументите на Жан Жак Русо за моралната централност на слободата.[10] Иако до 19-от век зборот „анархист“ имаше комплетно позитивна конотација, сепак прво се појавува во англискиот јазик во 1642 за време на Ѓраѓанската војна во Англија како термин злоупотребен од страна на Ројалистите со цел да ги колнат оние кои правеле безредие. До Француската револуција некои, како Енраже, започнуваат да го користат терминот позитивно[11], во споротивност на Јакобинската централизација на моќта, сметајќи дека поимот „револуционерната влада“ е оксиморон. Од оваа клима Вилијам Годвин го разви, тоа што многумина го сметаат за првиот израз на модерната анархистичка мисла. Годвин беше, според Петар Кропоткин, „првиот кој ги формулираше политичките и економските концепции на анархизмот, и покрај тоа што не им го даде тоа име на идеите кои ги развиваше во својата работа“. Првиот што се нарече себеси анархист е Пјер Жозеф Прудон[12], со што наведе некои да го наречат основач на модерната анархистичка теорија[13]. Прудон предлагаше спонтан ред, каде што организацијата ќе се појави без централен авторитет, „позитивна анархија“ каде редот се јавува кога „секој го прави тоа што тој сака и само тоа што тој сака“ и каде „самите бизнис трансакции го произведуваат општествениот ред“. Како Годвин, така и Прудон се спротивставуваше на насилна револуционерна акција. Тој ја гледаше анархијата како „форма на власт или устав во кои јавните и приватните свесности, формирани преку развојот на науката и законот, се доволни за одржување на редот и гарантирање на сите слободи. Во тоа, како последица, институциите на полицијата, превентивните и репресивните методи, официјалноста, даноците, итн. се сведени на минимум. Во тоа, особено формите на монархија и интензивна централизација исчезнуваат, за да бидат заменети со федерални институции и шеми на живот базирани на комуната“. Под „комуна“, Прудон подразбираше локално самоуправување или според буквалниот превод, „општина“, наместо комунистичко удредување.

Other Languages
Afrikaans: Anargisme
Alemannisch: Anarchismus
العربية: لاسلطوية
aragonés: Anarquismo
অসমীয়া: নৈৰাজ্যবাদ
asturianu: Anarquismu
azərbaycanca: Anarxizm
تۆرکجه: آنارشیسم
башҡортса: Анархизм
беларуская: Анархізм
беларуская (тарашкевіца)‎: Анархізм
български: Анархизъм
bosanski: Anarhizam
brezhoneg: Anveliouriezh
буряад: Анархизм
català: Anarquisme
čeština: Anarchismus
Cymraeg: Anarchiaeth
dansk: Anarkisme
Deitsch: Anarchism
Deutsch: Anarchismus
eesti: Anarhism
Ελληνικά: Αναρχισμός
English: Anarchism
español: Anarquismo
Esperanto: Anarkiismo
estremeñu: Anarquismu
euskara: Anarkismo
فارسی: آنارشیسم
Fiji Hindi: Khalbali
føroyskt: Anarkisma
français: Anarchisme
Frysk: Anargisme
Gaeilge: Ainrialachas
galego: Anarquismo
گیلکی: آنارشيسم
한국어: 아나키즘
Հայերեն: Անարխիզմ
हिन्दी: अराजकतावाद
hrvatski: Anarhizam
Ilokano: Anarkismo
Bahasa Indonesia: Anarkisme
interlingua: Anarchismo
italiano: Anarchismo
עברית: אנרכיזם
Basa Jawa: Anarkisme
къарачай-малкъар: Анархизм
ქართული: ანარქიზმი
қазақша: Анархизм
Kiswahili: Utawala huria
Кыргызча: Анархизм
Ladino: Anarkizmo
лезги: Анархизм
Latina: Anarchismus
latviešu: Anarhisms
Lëtzebuergesch: Anarchismus
lietuvių: Anarchizmas
Limburgs: Anarchisme
la .lojban.: nonje'asi'o
magyar: Anarchizmus
Malagasy: Anarsisma
मराठी: अराजकता
მარგალური: ანარქიზმი
مصرى: اناركيه
مازِرونی: آنارشیسم
Bahasa Melayu: Anarkisme
Mirandés: Anarquismo
монгол: Анархизм
မြန်မာဘာသာ: မင်းမဲ့ဝါဒီ
Nederlands: Anarchisme
日本語: アナキズム
norsk: Anarkisme
norsk nynorsk: Anarkisme
occitan: Anarquisme
oʻzbekcha/ўзбекча: Anarxizm
ਪੰਜਾਬੀ: ਅਰਾਜਕਤਾਵਾਦ
پنجابی: انارکی
Patois: Anaakizam
Piemontèis: Anarchism
polski: Anarchizm
português: Anarquismo
română: Anarhism
русиньскый: Анархізм
русский: Анархизм
саха тыла: Анархизм
Scots: Anarchism
shqip: Anarkizmi
Simple English: Anarchism
slovenčina: Anarchizmus
slovenščina: Anarhizem
کوردی: ئەنارکیزم
српски / srpski: Анархизам
srpskohrvatski / српскохрватски: Anarhizam
suomi: Anarkismi
svenska: Anarkism
Tagalog: Anarkismo
தமிழ்: அரசின்மை
татарча/tatarça: Анархизм
тоҷикӣ: Анархизм
Türkçe: Anarşizm
українська: Анархізм
اردو: نراج
ئۇيغۇرچە / Uyghurche: ئانارخىزم
Vahcuengh: Fouzcwngfujcujyi
vèneto: Anarchismo
Võro: Anarkism
Winaray: Anarkismo
ייִדיש: אנארכיזם
Zazaki: Anarşizm
žemaitėška: Anarkėzmos
Lingua Franca Nova: Anarcisme