Анаис Нин

Анаис Нин
Anaisnin.jpg
Портрет на Нин, c. 1920
Роден Ангела Анаис Хуана Антолина Роза Еделмира Нин и Кулмел
1903
Нили-сир-Сен, Париз
Починал јануари 14, 1977(1977-01-14) (воз. 73 г.)
Лос Анџелес
Занимање Писател
Националност Американка
Жанр Дневници
Еротска литература
Кратки приказни
Есеи
Сопружник Хју Паркер Гилер (1923–1977)
Руперт Пол (1955–1966)
Роднини Јоакин Нин (татко), Јоакин Нин-Кулмел (брат)

Потпис

Ангела Анаис Хуана Антолина Роса Еделмира Нин и Кулмел ( шпански: Angela Anaïs Juana Antolina Rosa Edelmira Nin y Culmell), позната под името Анаис Нин (Anaïs Nin / / [1]) е американска писателка. Дете на родители од шпанско-кубанско потекло, се родила во Франција на 21 февруари 1903 година. Таа поминала одреден период од својот живот во Шпанија и Куба но поголем дел од своето време го поминала во Америка каде оформила кариера на препознатлив писател. Таа ги има објавено своите дневници кои опфаќаат повеќе од 60 години од нејзиниот живот. Почнала да пишува од својата 11-та година и продолжила да ги пишува дневниците до крајот на својот живот. Пишувала новели, критики, есеи, кратки приказни и книги со еротски содржини. Голем дел од нејзините пишани материјали биле објавени по нејзината смрт, како што се книгите Делта на Венера и Мали птици.

Почетоци

Анаис Нин е родена во семејство на уметници. Нејзиниот татко, Јоакин Нин бил познат кубански пијанист и композитор [2], додека нејзината мајка Роса Кулмел била позната француска пејачка, која работела во Куба. Нејзиниот прапрадедо за време на револуцијата се доселил во Франција, за подоцна да се пресели во Куба каде учествувал во градењето на првата железничка пруга. [3]

Поминувајќи го детството во Европа таа била израсната според правилата на Римокатоличката црква. [4] По разделбата на нејзините родители, мајката на Анаис заедно со нејзините браќа, Торвалд Нин и Јоаким Нин-Кулмел, се преселиле во Барселона, а подоцна во Њујорк. Според нејзините дневнички записи собрани под заедничкиот наслов “Оган” – Нин на 16 години го напушта школувањето, за подоцна да работи како модел во уметничко ателје. Откако поминала многу време во Америка, Нин комплетно го заборавила шпанскиот јазик, но го усовршила францускиот.

На 3 Март, 1923 година во Хавана (Куба), Нин се омажила со првиот сопруг Хуг Паркер Гилер (1898–1985), уметник и банкар, откако станал познат режисер на експериментални филмови во доцните 40-ти, станува познат под името Иан Хуго. Парот се преселил во Франција, каде Гилер ја продолжил својата кариера како банкар, додека Нин ја развивала својата писателска кариера, во нејзините дневници исто така напоменува дека била одлична фламенго танчерка во Париз во средината на 1920та година. Нејзиното прво објавено дело било Критичка евалуација на Д.Х. Лоренс-Непрофесионално истражување, дело кое е напишано во рок од 16 дена.

Комплетна трансформација доживеала со терапијата на психологот Ото Ранк, [5] човекот кој ги откажал своите соработки со Фројд поради неможноста Фројд да ја цени женственоста, сексуалноста, како и односнот мајка-дете. Во нејзините дневници, таа искажува впечаток на прероденост при секоја посета со Ранк. Ранк ѝ помогнал во пишувањето на нејзините дневници, односно во можноста Анаис да ги изрази сопствените емоции кои таа ги доживувала невозможни за опишување. Тој воедно ѝ бил и љубовник. [6] Таа ја открила длабочината на нејзините чувства во една поврзаност на тоа што би сакала да каже и што не би требало да се каже.

“Додека Ранk зборуваше, јас помислував на своите тешкоти со моето сопствено изразување на емоции. За моите потешкотии при пронаоѓање на јазикот на мојата интуиција, самите емоции постануваа илузивни, суптилни и безимени”. [7]

Во 1939 година, поради војната која ѝ се заканувала на Франција, Нин заминува во Њујорк со својот сопруг. (сите записи за нејзиниот сопруг биле остранети од дневниците по барање на Гулиер, па неговата улога во нејзиниот живот сè уште не е комплетно јасна).

Other Languages
العربية: أناييز نين
تۆرکجه: آناییز نین
беларуская: Анаіс Нін
беларуская (тарашкевіца)‎: Анаіс Нін
български: Анаис Нин
català: Anaïs Nin
čeština: Anaïs Nin
dansk: Anaïs Nin
Deutsch: Anaïs Nin
eesti: Anaïs Nin
Ελληνικά: Αναΐς Νιν
English: Anaïs Nin
español: Anaïs Nin
euskara: Anaïs Nin
français: Anaïs Nin
Հայերեն: Անաիս Նին
hrvatski: Anaïs Nin
Bahasa Indonesia: Anaïs Nin
italiano: Anaïs Nin
עברית: אנאיס נין
қазақша: Анаис Нин
Kurdî: Anaïs Nin
Lëtzebuergesch: Anaïs Nin
Nederlands: Anaïs Nin
norsk: Anaïs Nin
occitan: Anaïs Nin
polski: Anaïs Nin
português: Anaïs Nin
română: Anaïs Nin
русский: Нин, Анаис
Simple English: Anaïs Nin
slovenčina: Anaïs Ninová
slovenščina: Anaïs Nin
srpskohrvatski / српскохрватски: Anaïs Nin
suomi: Anaïs Nin
svenska: Anaïs Nin
Tagalog: Anaïs Nin
Türkçe: Anais Nin
українська: Анаїс Нін
Volapük: Anaïs Nin