Америка

Оваа статија е за двата континента на Америка. За поедините континенти видете, Јужна Америка, Средна Америка и Северна Америка, додека за државата често наречена Америка, видете САД.

Америка е термин кој се користи за заедно да се означат континентите Северна Америка и Јужна Америка. Оваа огромна земјена маса се наоѓа меѓу Атлантскиот и Тихиот Океан. Терминот често ги вклучува и Карибите, односно островите во Карипското Море, и Гренланд, иако не и Исланд, заради културни и историски причини. Средна Америка најчесто географски се смета за дел од Северна Америка. Америка често се нарекува Западна Хемисфера, или за време на колонијалната ера, Новиот свет.

ЦИА карта на Америка
Idiomas de américa.png

Најчесто кога се зборува за Америка, во македонскиот јазик, се претпоставува дека се работи за два континента - Северна Америка и Јужна Америка. Но, во шпанскиот јазик на пример, се претпоставува дека се работи за еден континент, Америка. Се случува и во македонскиот јазик да се најде референца за Америка како Новиот свет во целина, како на пример во реченицата: „Кристофер Колумбо ја открил Америка.“

Концептот за еден континент се појавува тематски, како на пример, петте прстени на Олимпиското знаме, ги претставуваат населените континенти, но само еден од нив се однесува за Америка, во целина.

Луѓето кои живеат на Американскиот континент понекогаш се нарекуваат Американци, иако зборот Американец, во македонскиот јазик, како и во многу други јазици, најчесто се употребува за да означи граѓанин на Соединетите Американски Држави. Шпанскиот јазик ги користи термините norteamericano ("Северен Американец") или estadounidense (буквално "Соединетодржавец") кога станува збор за граѓаните на САД. Во францускиот, се користи кованицата états-unien (états-unienne за жена), иако вообичаен е терминот américain(ne). На германски, зборот Amerikaner се користи за граѓанин на Соединетите Американски Држави, иако често е потребно да се употреби појасниот термин US-Amerikaner. Во Италија зборот Americano се користи луѓето кои живеат во САД, но зборот Statunitense истотака се користи.

Во Португалија и Бразил, жителите на САД се нарекуваат americanos, а за формални потреби norte-americano, додека терминот estadunidense се користи многу ретко.

Карактеристики на населението

До откривањето на Америка на овие континенти живеело малобројно домореодечко население. Него го претставувале: Ескими, Индијанци, Ацтеки, Маи и Инки. По откривањето на Америка започнува масовно доселување на население од повеќе еропски земји: Англија, Франција, Шпанија, Португалија, Холандија, Италија, Гермнанија итн. Тие, колонизаторите, сурово го експлоатирале и физички го уништувале доморедечкото население, така што денес од домородечко население е останат само мал број. Во XVIII и во XIX век во Америка присилно вил донесен голем број црнечко население од Африка. Во услови на забрзан економскир азвој, емиграцијата на белото население од Европа кон Америка се зголемувала. При процесот на колонизацијата, најголемо влијание извршиле Англичаните, Французите, Шпанците и Португалците. Токму затоа, денес во Северна Америка најголемо е англосаксонското и француското влијание. Во Средна и во Јужна Америка останало Шпанија влијание, а во Бразил Португалија. Соодветно на тоа, во Северна АМерика се зборува англиски, во регионот Квебек во Канада - француски, во Средна и во Јужна Америка - шпанскиот јазик, а во Бразил португалскиот. Денес на американските континенти живеат околу 794 милиони жители. Од нив во Северна Америка живеат околу 340 милиони жители, во Средна АМерика - 190 милиони, а во Јужна Америка - 390 милиони жители.. Најгусто населени се средишните и источните делови ан САД, земјите на Средна Америка и приатланските брегови на Јужна Америка. Природниот прираст во САД и во Канада се движи околу 6 промили. Во поголем дел од државите на Средна и на Јужна Америка природниот прираст изнесува над 28 промили, како на пример, во Мексико, Венецуела, Бразил, Боливија и други, а во некои е околу 20 промили. Во државите на Америка денес се издифиренцирани посебни нации и народи, како што се Канаѓани, Американци (жители на САД), Мексиканци, Бразилци, Аргентинци, Кубанци итн. Во нив живеат разни народи, кои се доселени од многу земји од светот. Но, егзистира и мешано население, како што се мулати(помеѓу белци и црнци); местици(помеѓу белци и Индијанци); замбоси(помеѓу црнци и Индијанци). Мулатите се најзастапени во САД, местиците во Средна и Јужна Америка, замбосите во Бразил, а нешто помалку во другите јужноамерикански земји.

Other Languages
Acèh: Amirika
адыгабзэ: Америкэ
Afrikaans: Amerikas
Akan: Amerika
አማርኛ: አሜሪካዎች
العربية: أمريكتان
aragonés: America
ܐܪܡܝܐ: ܐܡܪܝܩܐ
arpetan: Amèrica
asturianu: América
Avañe'ẽ: Amérika
Aymar aru: Awya Yala
azərbaycanca: Amerika
Bahasa Banjar: Amirika
Bân-lâm-gú: Bí-chiu
Basa Banyumasan: Bawana Amerika
башҡортса: Америка
беларуская: Амерыка
беларуская (тарашкевіца)‎: Амэрыка
Bikol Central: Amerika
Bislama: Amerika
български: Америка
Boarisch: Amerika
bosanski: Amerika
brezhoneg: Amerika
буряад: Америкэ
català: Amèrica
čeština: Amerika
chiShona: America (dzose)
Cymraeg: Yr Amerig
dansk: Amerika
Deutsch: Amerika
ދިވެހިބަސް: އެމެރިކާބައްރު
dolnoserbski: Amerika
eesti: Ameerika
Ελληνικά: Αμερική
English: Americas
español: América
Esperanto: Ameriko
estremeñu: América
euskara: Amerika
Fiji Hindi: The Americas
français: Amérique
Fulfulde: Aameerik
furlan: Americhis
Gaeilge: Meiriceá
Gagauz: Amerika
Gàidhlig: Na h-Aimearagan
galego: América
贛語: 美洲
ગુજરાતી: અમેરિકા
गोंयची कोंकणी / Gõychi Konknni: अमेरिका खंड
한국어: 아메리카
Hausa: Amurka
Հայերեն: Ամերիկա
हिन्दी: महाअमेरिका
hornjoserbsce: Amerika
hrvatski: Amerika
Ido: Amerika
Igbo: Amerikas
Ilokano: Kaamerikaan
Bahasa Indonesia: Benua Amerika
interlingua: America
Interlingue: America
Ирон: Америкæ
íslenska: Ameríka
italiano: America
עברית: אמריקה
Basa Jawa: Bawana Amérika
kalaallisut: Amerika
ಕನ್ನಡ: ಅಮೆರಿಕ
ქართული: ამერიკა
қазақша: Америка
kernowek: Amerika
Kinyarwanda: Amerika
Kiswahili: Amerika
коми: Америка
Kongo: Amelika
Kreyòl ayisyen: Amerik
Кыргызча: Америка
кырык мары: Америка
Ladino: Amerika
лезги: Америка
Latina: America
latviešu: Amerika
Lëtzebuergesch: Amerika (Kontinent)
lietuvių: Amerika
Ligure: Americhe
Limburgs: Amerika
lingála: Ameríka
lumbaart: America
Malagasy: Amerika
മലയാളം: അമേരിക്കകൾ
მარგალური: ამერიკა
مازِرونی: آمریکا قاره
Bahasa Melayu: Benua Amerika
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Mī-ciŭ
Mirandés: América
мокшень: Америка
монгол: Америк тив
မြန်မာဘာသာ: အမေရိက
Nāhuatl: Ixachitlan
日本語: アメリカ州
Napulitano: Amereca
нохчийн: Америка
norsk: Amerika
norsk nynorsk: Amerika
Nouormand: Améthique
occitan: America
олык марий: Америка
Oromoo: Ameerikaas
oʻzbekcha/ўзбекча: Amerika (qitʼa)
Pangasinan: Amerika
Papiamentu: Amérika
Patois: Amoerkaz
Перем Коми: Америка
ភាសាខ្មែរ: ទ្វីបអាមេរិក
Picard: Anmérikes
Piemontèis: América
Plattdüütsch: Amerika
polski: Ameryka
Ποντιακά: Αμερικήν
português: América
Qaraqalpaqsha: Amerika
reo tahiti: Marite
română: America
русиньскый: Америка
русский: Америка
саха тыла: Америка
Gagana Samoa: Amerika
sardu: Amèrica
Scots: Americae
Seeltersk: Amerikoa
Sesotho: Amerika
Sesotho sa Leboa: Amerika
Simple English: Americas
SiSwati: IMelika
slovenčina: Amerika (svetadiel)
ślůnski: Amerika
Soomaaliga: Ameerika
Sranantongo: Amrika
српски / srpski: Америке
srpskohrvatski / српскохрватски: Amerike
Basa Sunda: Amérika (buana)
svenska: Amerika
Tagalog: Kaamerikahan
Taqbaylit: Tamrikt
tetun: Amérika
тоҷикӣ: Амрико
lea faka-Tonga: ʻAmelika
Tsetsêhestâhese: Amérika
Türkçe: Amerika
Türkmençe: Amerika
українська: Америка
اردو: امریکین
ئۇيغۇرچە / Uyghurche: ئامېرىكا قىتئەسى
Vahcuengh: Meijcouh
vèneto: Mèrica
vepsän kel’: Amerik
Tiếng Việt: Châu Mỹ
Võro: Ameeriga
walon: Amerike
Winaray: Kaamerikanhan
Wolof: Aamerig
吴语: 美洲
ייִדיש: אמעריקע
Yorùbá: Amẹ́ríkà
粵語: 美洲
Zazaki: Amerika
žemaitėška: Amerėka
中文: 美洲
ГӀалгӀай: Америка
Lingua Franca Nova: America