Авари

Авари — евроазиски номади за кои сеуште нема официјална потврда од каде точно потекнуваат[1][2][3][4][5], иако се претпоставува дека имаат туркиско потекло. Овој народ живеел покрај Панонската низина во околу 6 век до 9 век[6], каде имал изградено своја држава. Најголем нивни поход бил опсадата на Цариград од 7 век.

Во почетокот на 8 век, Aварите доживеале голем пораз од страна на францускиот крал Карло Велики, каде по таа битка нивната држава започнала да се распаѓа. Со доаѓањето на Словените, се претпоставува дека голем дел се преточиле во нив. Денеска, постојат Кавкаски Авари кои живеат во Русија и Азербејџан.[7][8][9]

Јазикот или јазиците што ги зборувале Аварите денес се непознати[1][3][4][5]. Класичниот филолог Самуел Садецки-Кардош наведува дека повеќето од зборовите на Аварите употребени истовремено со латински или грчки текстови, се чини дека имаат потекло од монголскиот јазик.[10]. Други теории сметаат дека има тунгуско потекло[11]. Според Садецки-Кардос, многу од титулите и редовите што ги користеле панонските Авари ги користеле и Турците, Прабугарите, Ујгурите и Монголците, како на пример каган, кан, кадхан, тудун, тархан и хатун[10]. Меѓутоа, постојат докази дека владејачките кланови зборувале на различни јазици, како кавкаски[3], ирански[12], тунгсуски[13][14][15][16], унгарски и туркиски[17][18]. Неколку научници сугерираат дека прасловенскиот јазик станалал лингва франка на Аварскит каганат[19]. Според Ѓула Ласло, кон крајот на 9 век панонските Авари зборувале со разни стари унгарски јазици, со што формирале аваро-унгарски континуитет со тогаш новодојдените Унгарци[20].

Other Languages
Afrikaans: Aware
Alemannisch: Awaren
العربية: آفار أوراسيا
aragonés: Avaros
asturianu: Ávaros
azərbaycanca: Avarlar
беларуская: Авары
български: Авари
Boarisch: Awarn
bosanski: Avari
čeština: Avaři
dansk: Avarere
Deutsch: Awaren
dolnoserbski: Awary
Ελληνικά: Άβαροι
español: Pueblo ávaro
euskara: Abaro
français: Avars
galego: Ávaros
한국어: 아바르족
hrvatski: Avari
Bahasa Indonesia: Avar Eurasia
italiano: Avari
қазақша: Аварлар
Latina: Avari
latviešu: Avāri (senie)
lietuvių: Avarai
magyar: Avarok
монгол: Авар
Nederlands: Avaren (Europa)
日本語: アヴァール
norsk: Avarer
norsk nynorsk: Avarar
oʻzbekcha/ўзбекча: Avarlar
polski: Awarowie
português: Ávaros
română: Avari
русский: Авары
shqip: Avarët
Simple English: Eurasian Avars
slovenščina: Avari
српски / srpski: Евроазијски Авари
srpskohrvatski / српскохрватски: Obri
svenska: Avarer
Türkçe: Avarlar
українська: Авари
Tiếng Việt: Người Avar Pannonia
中文: 阿瓦尔人
Lingua Franca Nova: Avares