Абдул Азис

Osmanli-nisani.svg    Абдул Азис
Отомански султан
Калиф
Tughra of Abdülaziz.JPG
Владеење1861–76
ПериодПад на Отоманската Империја
Полно имеАбдул Азис
Роденфевруари 1830
МестоЦариград
Починал4 јуни 1876(1876-06-04) (воз. 46 г.)
МестоПалата Чираган, Цариград
ПретходникАбдул Меџит І
НаследникМурат V
СемејствоОтоманска династија
ДинастијаОтоманска династија

Абдул Азис (османлиски: عبد العزيز‘Abdü’l-`Azīz; 8 февруари 1830 во Цариград - 4 јуни 1876 во Цариград) — триесетивториот султан на Отоманската империја во периодот од 1861 до 1876 година. Тој го наследил својот Абдул Меџит І, а самиот тој бил наследен од својот брат Мурат V. Бил син на Махмуд II и султанијата Пертевнијал.

Управување

Уште пред да дојде на престолот во 1857 година му се родил син Јусуф Изедин. Во периодот од 1861 до 1871 година продолжил да ги спроведува реформите од Танзиматот на чело со неговите главни министри Мехмед Фуад Паша и Мехмед Емин Али Паша. Новата административна поделба на империјата односно воведувањето на вилаетите била направена во 1864 година а Државниот совет во 1868 година. Во 1861 година Истанбулскиот универзитет бил организиран во модерна академска институција.

Абдул Азис одржувал добри односи со Втората француска република и Велика Британија. Во 1867 година тој станал првиот отомански султан кој бил во посета на Западна Европа. Неговата посета била во Обединетото Кралство каде бил прогласен за Витез на Подвеската од кралица Викторија. Во 1869 година присуствувал на oтварањето на Суецкиот канал.

По 1871 година Франција била поразена од страна на Прусија. По ова неговата надворешна политика се свртела кон градење на пријателски односи со Русија, но бунтовите на Балканот продолжиле. Во 1875 година започнало Херцеговинското востание а следната 1876 и Априлското востание во Бугарија. По ова следувале и убиствата на конзулите во Солун.

Големите расходи на султанот за отоманската морнарица како и големите плати довеле до зголемување на јавниот долг на земјата и до зголемување на незадоволството меѓу народот. Така на 30 мај 1876 година бил соборен од престолот од страна на неговите министри, а по неколку дена и починал. Се смета дека тој се самоубил иако подоцна според султанот Абдул Хамид II тој бил убиен од неговите министри. По назначувањето на Мурат V[1] за нов султан на империјата, тој веднаш започнал да покажува знаци на лудило и јавноста сакала да се врати стариот султан.

Во текот на неговото владеење била модернизирана отоманската морнарица. Во 1875 година морнарицата имала 21 воен брод и 173 помали бродови станувајќи трета најголема флота по онаа на Британија и Франција. Тој ја направил и првата Железничка станица во Сиркечи, го основал Археолошкиот музеј, биле издадени првите поштрнски марки.

Other Languages
Afrikaans: Abdülaziz
azərbaycanca: Əbdüləziz (sultan)
Bân-lâm-gú: Abdülaziz 1-sè
беларуская: Абдул-Азіз
български: Абдул Азис
català: Abdülâziz
čeština: Abdulaziz
Deutsch: Abdülaziz
eesti: Abdülaziz
Ελληνικά: Αμπντούλ Αζίζ
English: Abdülaziz
español: Abdülaziz I
Esperanto: Abd-ul-Aziz
euskara: Abdulaziz I.a
français: Abdülaziz
한국어: 압뒬라지즈
հայերեն: Աբդուլ Ազիզ
hrvatski: Abdul Aziz
Bahasa Indonesia: Abdul Aziz
italiano: Abdul Aziz
עברית: אבדילאזיז
ქართული: აბდულაზიზი
Kiswahili: Abdulaziz I
latviešu: Abdulazizs
Bahasa Melayu: Abd-ul-Aziz
Nederlands: Abdülaziz
oʻzbekcha/ўзбекча: Abdulaziz I
polski: Abdülaziz
română: Abdul-Aziz
русский: Абдул-Азиз
Simple English: Abdülaziz
slovenčina: Abdülaziz
српски / srpski: Абдул Азиз
srpskohrvatski / српскохрватски: Abdul Aziz
svenska: Abd ül-Aziz
Türkçe: Abdülaziz
Türkmençe: Abdulaziz
українська: Абдул-Азіз
Tiếng Việt: Abdul Aziz
Zazaki: Abdul Aziz