Џо Кол

Англија Џо Кол
Joe Cole 2011.jpg
Лични податоци
Роден на8 ноември 1981 (1981-11-08) (37 г.)
Роден воЛондон, Англија
Висина&100000000000001760000001,76 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубТампа Беј Роудајс Тампа Беј Роудајс
Број26
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1998-2003Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед126(10)
2003-2010Челси Челси184(28)
2010-2013Ливерпул Ливерпул26(3)
2011-2012Лил Лил15(3)
2013-2014Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед31(5)
2014-2015Астон Вила Астон Вила31(5)
2015-2016Ковентри Ковентри Сити22(2)
2016-2018Тампа Беј Роудајс Тампа Беј Роудајс82(20)
Репрезентација
2001-2010Англија Англија56(10)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Џозеф Џон „Џо“ Кол (англиски: Joseph John "Joe" Cole) (роден на 8 септември 1981) е англиски пензиониран фудбалер, играч од средниот ред кој настапувал за тимови од Англија, Франиција и како последен тим Тампа Беј Роудајс од САД.Кол ја започна својата кариера во Вест Хем Јунајтед, каде што, по влегувањето во првиот тим во јануари 1999 година, одигра повеќе од 120 натпревари во текот на пет сезони. Тој беше еден од големиот број на играчи кој го напушти Вест Хем во текот на летото 2003 година, откако клубот испадна во Чемпионшип лигата, па поради тоа Кол потпиша за Челси. Тој помина седум сезони во Челси, играјќи повеќе од 280 натпревари во сите натпреварувања и освои десет трофеи, вклучувајќи и три титули во Премиер лигата, две во ФА Куп и две во Лига купот. Тој го напушти Челзи во слободен трансфер во јули 2010 година, за да се приклучат на Ливерпул, кој една година подоцна го позајми на Лил. По една сезона во Франција, тој се врати во Ливерпул пред повторно да се приклучи на Вест Хем во јануари 2013 година.За Вест Хем во сезоната 2013-2015 одигра 31 натпревар и постигна 5 голови. По завршувањето на сезоната со Вест хем тој потпиша за Астон Вила во јуни 2014 година, но само после една сезона замина на позајмица во Ковентри Сити каде што во октомври 2015 година, се приклучи на тимот со договор до јануари 2016 година. Од 2016 до 2018 година настапувал за американскиот Тампа Беј Роудајс, каде што на 11 неомври 2018 година, објавил дека се повлекува од активно играње фудбал[1].

Репрезентација

Кол настапи за повеќе англиски млади селекции на Англија како што е Англија под 16 години , Англија под-18 фудбалски тим и фудбалска репрезентација на Англија до 21 година. Периодот помеѓу 2001 и 2010 година, Кол настапуваше за сениорската репрезентација на Англија на 56 натпревари, постигнувајќи 10 гола. Тој беше избран во тимот на Англија за ФИФА Светското Првенство во 2002 година одржано во Јужна Кореа и Јапонија, како и ФИФА Светско Првенство во фудбал 2006 и ФИФА Светско Првенство во фудбал 2010 во Јужна Африка и беше дел од европското првенство во фудбал УЕФА Евро 2004.

Other Languages
العربية: جو كول
беларуская: Джо Коўл
беларуская (тарашкевіца)‎: Джо Коўл
български: Джо Коул
català: Joe Cole
čeština: Joe Cole
dansk: Joe Cole
Deutsch: Joe Cole
eesti: Joe Cole
English: Joe Cole
español: Joe Cole
فارسی: جو کول
français: Joe Cole
Gaeilge: Joe Cole
한국어: 조 콜
հայերեն: Ջո Քոուլ
Bahasa Indonesia: Joe Cole
italiano: Joe Cole
עברית: ג'ו קול
Basa Jawa: Joe Cole
latviešu: Džo Kols
lietuvių: Joe Cole
magyar: Joe Cole
Malagasy: Joe Cole
मराठी: ज्यो कोल
Bahasa Melayu: Joe Cole
монгол: Жо Коул
Nederlands: Joe Cole
norsk: Joe Cole
polski: Joe Cole
português: Joe Cole
română: Joe Cole
русский: Коул, Джо
Simple English: Joe Cole
slovenčina: Joe Cole
српски / srpski: Џо Кол
suomi: Joe Cole
svenska: Joe Cole
ไทย: โจ โคล
Türkçe: Joe Cole
українська: Джо Коул
Tiếng Việt: Joe Cole
中文: 祖·高爾