Џенифер Лопез

Џенифер Лопез на гала манифестацијата Time 100.

Џенифер Лин Лопез е позната американска актерка , поп пејачка и танчерка. Родена е на 24 јули 1969 во Бронкс, Њујорк, од родители со порториканско потекло: Гвадалупе Родригез и Дејвид Лопез. Има две сестри, Линда и Лесли. Посетувала католичко средно училиште каде што почнала да се занимава со спорт, а од 16 години започнала да посетува часови по танцување и пеење. Го напуштила школувањето после еден семестар на колеџ и целосно се посветила на танцувањето.

Нејзин прв позначаен настап како танчерка бил во популарното телевизиско шоу „Во живи бои“ (In Living Color), а нејзин прв познат филмски настап е во филмот „Воз со пари“ (Money Train). Како пејачка се проби во врвот на популарната музика со деби албумот „На 6-ка“ ( On the 6) објавен на 1 јуни, 1999, како и со вториот албум „Џеј Ло“ ( J.Lo).

Почетоци

Џенифер Лопез е родена и израсна во Касл Хил, кварт во Бронкс, Њујорк. Таа е ќерка на Гвадалупе (мом. Родригез), воспитувачка во градинка и Дејвид Лопез, информатичар, и двајцата родени во Понсе, Порторико. Лопез израснала како припадник на Римокатоличката црква. Има две сестри, Линда и Лесли. Целото свое образование го помина во Католички училишта, завршувајќи го Preston средното училиште во Бронкс. Потоа, таа сама се грижеше за плаќањето на нејзините часови по пеење и танцување на возраст од 19 години. По запишувањето на Baruch колеџот, таа го распредели нејзиното време помеѓу работа во правна канцеларија, часови по танцување, и танцови изведби во ноќните клубови на Менхетен. Лопез имаше мала улога во филмот од 1987 година, My little girl. По неколку месечни аудиции за танцови улоги Лопез беше избрана како танчерка на различни рап музички спотови во 1990 година, за Yo!МТВ RAPS, како и бекап танчерка на New kids on the block во нивната изведба на песната "Games" за настапот на Американските музички награди во 1991 година. Таа доби своја прва постојана работа како "Fly Girl", танчарка на телевизиската комедија In Living Color во 1990 година. Набргу потоа, Лопез стана бекап танчерка на Janet Jackson и се појави во нејзиниот спот од 1993 година, "That's the Way Love Goes".

Other Languages
العربية: جينيفر لوبيز
asturianu: Jennifer Lopez
azərbaycanca: Cennifer Lopes
تۆرکجه: جنیفر لوپز
Bân-lâm-gú: Jennifer Lopez
беларуская: Джэніфер Лопес
български: Дженифър Лопес
čeština: Jennifer Lopez
Ελληνικά: Τζένιφερ Λόπεζ
español: Jennifer Lopez
Esperanto: Jennifer Lopez
français: Jennifer Lopez
hrvatski: Jennifer Lopez
Bahasa Indonesia: Jennifer Lopez
ᐃᓄᒃᑎᑐᑦ/inuktitut: ᔨᓐᓂᐱᕐ ᓗᐱᔅ
íslenska: Jennifer Lopez
italiano: Jennifer Lopez
Basa Jawa: Jennifer Lopez
kaszëbsczi: Jennifer López
Kiswahili: Jennifer Lopez
Kreyòl ayisyen: Jennifer Lopez
Lëtzebuergesch: Jennifer Lopez
lietuvių: Jennifer Lopez
Malagasy: Jennifer Lopez
მარგალური: ჯენიფერ ლოპესი
مازِرونی: جنیفر لوپز
Bahasa Melayu: Jennifer Lopez
မြန်မာဘာသာ: ဂျနီဖာ လိုပက်ဇ်
Nederlands: Jennifer Lopez
português: Jennifer Lopez
română: Jennifer López
Simple English: Jennifer Lopez
slovenčina: Jennifer Lopezová
slovenščina: Jennifer Lopez
Soomaaliga: Jennifer Lopez
српски / srpski: Џенифер Лопез
srpskohrvatski / српскохрватски: Jennifer Lopez
Basa Sunda: Jénnifer Lopéz
Türkçe: Jennifer Lopez
Türkmençe: Jennifer Lopez
українська: Дженніфер Лопес
Tiếng Việt: Jennifer Lopez
Yorùbá: Jennifer Lopez
žemaitėška: Dženėfer Luopez