Џастин Чејмберс

Џастин Чејмберс
JustinChambersMay09.jpg
Роден(а)Џастин В. Чејмберс
СопругаКиша Чејмберс (1993-денес) 5 деца
ДецаИзабела (р. 1997), Маја и Каила (р. 1999), Ева (р. 2001), Џексон (р. 2002)

Џастин В. Чејмберс (роден 11 јули, 1970) е американски актер и бивши Calvin Klein машки модел. Од 2007, тој почнува да глуми во драмската серија на ABC Вовед во анатомија како Алекс Карев.

Биографија

Приватен живот

Чејмберс е роден во Спрингфилд, Охио, син на познати полицајци Пем и Џон Чејмберс.[1] Тој има брат близнак по име Џејсон, еден постар брат Чип (Џон) и две постари сестри, Миа и Сузан. Тој и неговиот брат близнак како мали имаат поминувано доста време во болница поради проблеми со пенумонија. Тој учел во основното училиште Спрингфилд Кристијан. Тој има пет деца со својата жена, Киша: Изабела (1997), близначките Маја и Калија (1999), Ева (2001) и Џексон (2002). Киша е бивши букер на една манекенска компанија со која тој се оженува во 1993. Неговата жена и деца моментално се преселија во Лос Анџелес од нивниот дом блиску едно предградие надвор од Њујорк.

Кариера

Чејмберс бил откриен од модни извидници во Париз Метро и почнал да ги претставува Calvin Klein во кампања за парфеми. Тој работел низ Европа, Јапонија и САД за CK, Armani, и Dolce & Gabbana1. Откако се одлучил за актерска кариера, се преселува за Њујорк, каде студира во H.B. Studios цели четри години. Тоа му овозможило мали улоги во некои серии како на пример Another World и New York Undercover. Во поскоро време, тој се појавува во неколку филмови, како на пример Организаторка на венчавки (2001, заедно со Џенифер Лопез), Мускетарот (2001) Southern Belles (2005), The Zodiac (2005) и во еден филм на HBO Hysterical Blindness (2002). Чејмберс започна да глуми една од поглавните улоги во криминалистичката драма на CBS Cold Case но за жал ја напушта серијата по само три епизоди. Моментално тој го глуми бесчувствителниот резидент Алекс Карев во хит медицинската драма на ABC Вовед во анатомија.

Неговата прва главна улога доаѓа во видео спотот за песната „Ants Marching“ од Dave Matthews Band во 1994.

Other Languages
aragonés: Justin Chambers
asturianu: Justin Chambers
čeština: Justin Chambers
español: Justin Chambers
français: Justin Chambers
hrvatski: Justin Chambers
italiano: Justin Chambers
Bahasa Melayu: Justin Chambers
Nederlands: Justin Chambers
português: Justin Chambers
română: Justin Chambers
srpskohrvatski / српскохрватски: Justin Chambers