Џампаоло Карузо

Џампаоло Карузо
Карузо на Тур де Франс 2015
Лични податоци
Цело имеЏампаоло Карузо
Роден15 август 1980 (1980-08-15) (38 г.)
Авола, Италија
Висина1,81 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Професионални клубови
2002–2006
2007
2009
2009–2010

2010–2015
ONCE
Лампре-Фондитал
ЛРП Бракес-Балан
Керамика Фламинија-Босини Доке
Катјуша
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Милано-Торино (2014)
Последна промена
24 јануари 2016

Џампаоло Карузо (италијански: Giampaolo Caruso; р. 15 август 1980) — италијански професионален друмски велосипедист, кој последно возе за UCI World Tour екипата Катјуша-Алпесин.[1]

Карузо бил обвинет во допинг скандалот Операција Пуерто, но неговиот случај набрзо бил отфрлен од шпанската федерација.[2] Италијанскиот олимписки комитет сакал да го суспендира на две години, но бил ослободен по вмешувањето на Арбитражниот суд за спорт.[3] Во 2009 потпишал договор до крајот на 2011 за ЛРП Бракес-Фарнезе Вини,[4] но се префрлил во Керамика Фламинија-Босини Доке на средина на сезоната. Имал договор со нив до 2011,[5] но на 6 април 2010, откако организаторите на Џиро д’Италија објавиле дека Керамика Фламинија не е поканета на трката, му било дозволено да го раскине договорот и да потпише со Катјуша.[6] Тим Катјуша потпишала со него со цел да стави на чело на екипата за Џиро д’Италија 2010. На крајот на 2011 го продолжил договорот за претстојната сезона.

Во август 2015 година било објавено дека Карузо имал позитивен тест на ЕПО во март 2012 година.[7]