Јудаизам
English: Judaism

СТАТИИ ПОВРЗАНИ СО
Star of David.svg        Lukhot Habrit.svg        Menora.svg
Јудаизам
Категорија
Движења
Ортодоксизам · Конзерватизам · Реформизам
Харедизам · Хасидизам · Современ Ортодоксизам
Реконструкционизам · Еврејска обнова
Рабинизам · Хуманистицизам · Караимизам · Самаританизам
Еврејска филозофија
Начела на верата · Кабала
Бог · Месија
Избраници · Холокауст
Етика · Мусаризам
Свети текстови
Тора · Танах · Талмуд · Мидраш · Тосефта
Рабинска литература · Кузари
Чумаш · Сидур · Пијут · Зохар
Право
Тур · Шулхан Арух · Мишна Берурах
Мишне Тора · Арух Хашулхан · Кашрут · Цниут
Цедака · Нида · Ноеви закони
Свети градови
Ерусалим · Сафед · Хеброн · Тиберијада
Свети места
Синагога · Бет мидраш · Микве · Сука
Хевра кадиша · Светиот Храм · Скинија
Важни личности
Аврам · Сара · Исак · Ребека
Јаков · Рахила · Леа · Мојсеј
Дебора · Соломон · Давид
Еврејска култура
Брит · Бар мицва и Бат мицва · Јешива · Брак
Нида · Пидјон Хабен · Смрт · Колел · Хедер
Религиски занимања
Рабин · Ребе · Посек
Хазан · Дајан · Рош јешива · Моел · Коен
Верски предмети
Талит · Тефилин · Кипа · Сефер Тора · Гартел
Цицит · Мезуза · Менора · Шофар · Кител
Четири врсти · Етрог · Лулав · Адас · Арава
Еврејски молитви и Обреди
Шема Јизраел · Амида · Алеину · Кол Нидре
Кадиш · Халел · Хавдала · Биркат амазон
Шехехејану · Таханун · Селихот
Јудаизмот и останатите религии
Христијанство · Ислам · Хиндуизам
Јудео-христијанизам · Аврамски религии
Јудео-паганизам · Религиски плурализам
Поврзани теми
Антисемитизам · Критики · Ционизам
Исус · Израел · Евреи
Менората со седум свеќници е древен симбол на јудаизмот. Меѓутоа оваа менора не се смета за кашрутска заради тоа што средниот свеќник не е повисок од другите. Овој свеќник се користел во храмот во древен Ерусалим.

Јудаизамрелигија на Евреите ширум светот со околу 14 милиони следбеници (според податоци од 2005[1]). Јудаизмот е една од првите запишани монотеистички вери и една од најстарите религиозни традиции кои се применуваат денес. Вредностите и историјата на Евреите се голем дел од основата на другите Авраамски религии како самартијанизмот, исламот и христијанството .Јудаизмот е прва монотеистичка религија во историјата и се верува во еден бог - Јахве(Богот Јахве, богот на евреите всушност нема име затоа што Јахве буквално значи ; "јас сум тоа што сум".)

Таа настанала во 2 милениуми п.н.е. Јудаизмот претставува основа од која што се развиле христијанството и исламот. Јудаизмот е главно религија на еврејскиот народ, но е присутна во сите континенти и е мултинационална вероисповед. Оваа религија проповеда верување во еден бог кој се вика Бог, но во Стариот Завет е истовремено наречен Јахве, Елохим, Адонај и редица други имиња. Се претпоставува дека различните имиња се последица на долгите страдања на Евреите во туѓина, односно во Вавилон и во Египет, но и дека се работи за различни канаански богови чии имиња се врзувале со еврејскиот Бог. Бог претставува морално совршенство и од луѓето бара љубов и праведност.

Централни личности во јудаизмот се Адам, Ева, Сет, Аврам, Исак, Јаков, Јосиф, и подоцна Мојсеј. Мојсеј го избавил еврејскиот народ од ропството на Египќаните, ги примил Божјите закони и традиционално се смета за писател на првите пет книги од Библијата. Света книга за јудаизмот е Библијата, односно Стариот Завет. Мојсиевото петтокнижие ја содржи историјата на Евреите од Битие до повторното доселување во Ветената Земја. Но таа истовремено претставува и збирка од верски и правни прописи. Талмудот е книга што содржи рабински толкувања на еврејските, односно божјите закони.

Центарот на јудаизмот е Ерусалим, а најсвето место во Ерусалим е храмот. Од него денес има само урнатини кои се познати како Ѕидот на Плачот. Таму евреите се собираат на молитва. Местото во кое евреите ги извршуваат верските обреди се вика синагога. Синагогите секогаш се свртени кон Ерусалим. Рабин е верски учител и водач во јудаизмот. Саботата за евреите е ден за одмор и молитва.

Симболи на јудаизмот се: Давидовата ѕвезда, која за евреите е верски, но и национален симбол. Менората е седмокрак свеќник кој е направен од злато и тежи околу 30 кг. Јудаизмот е најстара монотеистичка религија. Оваа религија го нагласува практицирањето на религијата повеќе отколку самото верување и според толкувањата на јудаизмот она што ја дефинира човековата религиозност е неговиот начин на живот (Bouker, 2006:182). За распространетоста на јудаизмот се споменува податокот дека во светот има 12милиони припадници на јудаизмот, од кои 6 милиони се во САД, 2 милиони во Израел, а 4 милиони во другите делови на светот како што се: Источна Европа, Русија и сл.Кога се говори за јудаизмот треба да се спомене дека постои иподелба на јудаизмот на:

  • ортодоксен јудаизам, кој претставува строго традиционален јудаизам што го прифаќа законот и авторитетот на рабинот,
  • прогресивен јудаизам, кој е претставен преку две движења, и тоа:-
    • либерален јудаизам, кој настанува во Европа за време на просветителството во 18 век и кој го нагласува критичкиот поглед на Библијата, алудирајќи на етичките елементи,
    • реформиран јудаизам, кој ги прифаќа методите на историско-критичкото истражување и го намалува одржувањето на обредите,
  • конзервативен јудаизам, кој настанува во 19 век, посебно во Америка, и е некаде меѓу ортодоксниот и прогресивниот, кој тежнее кон поинакви обреди, но ги прифаќа рабинските преданија,
  • ционизам, кој е националистички, со духовни примеси.

За основач на јудаизмот се смета Мојсеј, кој според преданијата, ќе добие порака од Бога и кој всушност е единственото преживеано машко дете во времето на владеењето на египетскиот фараон. Мојсеј бил еврејски водач и законодавец кој евреите ги ослободува од египетско ропство и на Синајската гора им дава две таблици-закони, кои ќе станат основа на еврејската религија. Всушност на планината Синај Господ-Бог ги врежува во камен 10-те Божји зповеди, кои и денес се сметаат за врвни морални начела. Бог всушност на Синајската гора склучува договор со евреите и тој совет е содржан во 10-Божји заповеди, врежани на камената плоча која Мојсеј ја донел од врвот на гората. Нивната задача била да ја покажат единствената верност на Бога и да изградат примерно општество според законите и правдата што тој им ја подарил, а Бог за возврат ќе им ја дарува нивната сопствена земја и ќе биде нивни заштитник.Оно што посебно треба да се спомене е дека Еврејскиот народбил протеруван, сепак треба да се потенцира дека нивната верба дека себожји избран народ, успеале да го одржат својот национален, културен ирелигиски идентитет, без оглед каде живеат.

Other Languages
Acèh: Yahudi
адыгабзэ: Джурт
Afrikaans: Judaïsme
Alemannisch: Judentum
አማርኛ: አይሁድና
العربية: يهودية
aragonés: Chudaísmo
ܐܪܡܝܐ: ܝܗܘܕܝܘܬܐ
arpetan: Judâismo
অসমীয়া: ইহুদি ধৰ্ম
asturianu: Xudaísmu
azərbaycanca: İudaizm
تۆرکجه: یهودیلیک
Banjar: Agama Yahudi
Bân-lâm-gú: Iû-thài-kàu
башҡортса: Йәһүдилек
беларуская: Іўдаізм
беларуская (тарашкевіца)‎: Юдаізм
български: Юдаизъм
Boarisch: Judndum
bosanski: Judaizam
brezhoneg: Yuzevegezh
буряад: Иудаизм
català: Judaisme
Чӑвашла: Иудаизм
Cebuano: Hudaismo
čeština: Judaismus
Cymraeg: Iddewiaeth
dansk: Jødedom
Deitsch: Yuddedum
Deutsch: Judentum
ދިވެހިބަސް: ޔަހޫދީދީން
eesti: Judaism
Ελληνικά: Ιουδαϊσμός
English: Judaism
español: Judaísmo
Esperanto: Judismo
estremeñu: Judaísmu
euskara: Judaismo
فارسی: یهودیت
Fiji Hindi: Yahudi
føroyskt: Jødadómur
français: Judaïsme
Frysk: Joadendom
furlan: Ebraisim
Gaeilge: An Giúdachas
Gaelg: Yn Ewaghys
Gàidhlig: Iùdhachd
galego: Xudaísmo
ГӀалгӀай: Жугтий ди
ગુજરાતી: યહૂદી ધર્મ
客家語/Hak-kâ-ngî: Yù-thai-kau
한국어: 유대교
हिन्दी: यहूदी धर्म
hrvatski: Judaizam
Igbo: Judaism
Ilokano: Hudaismo
Bahasa Indonesia: Agama Yahudi
interlingua: Judaismo
Interlingue: Judeisme
Ирон: Иудаизм
íslenska: Gyðingdómur
italiano: Ebraismo
עברית: יהדות
Kabɩyɛ: Yuudaayism
kalaallisut: Juutit
къарачай-малкъар: Иудейлик
ქართული: იუდაიზმი
қазақша: Яһудилік
kernowek: Yedhoweth
Kiswahili: Uyahudi
Kreyòl ayisyen: Jidayis
kurdî: Cihûtî
Кыргызча: Иудаизм
Ladino: Djudaismo
لۊری شومالی: جیدیٱت
latviešu: Jūdaisms
Lëtzebuergesch: Juddentum
лезги: Иудаизм
lietuvių: Judaizmas
Ligure: Ebraiximo
Limburgs: Joededom
lingála: Boyúda
Lingua Franca Nova: Iudisme
lumbaart: Judaism
Malagasy: Jodaisma
മലയാളം: യഹൂദമതം
Malti: Ġudaiżmu
मराठी: ज्यू धर्म
მარგალური: იუდაიზმი
مصرى: يهوديه
مازِرونی: یهودیت
Bahasa Melayu: Agama Yahudi
Minangkabau: Agamo Yahudi
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Iù-tái-gáu
Mirandés: Judaísmo
монгол: Иудаизм
မြန်မာဘာသာ: ဂျူးဘာသာ
Nāhuatl: Judaísmo
Nederlands: Jodendom
Nedersaksies: Jeudendom
नेपाली: यहुदी धर्म
नेपाल भाषा: यहुद धर्म
日本語: ユダヤ教
Napulitano: Giurieismo
нохчийн: ЯхӀудийн дин
Nordfriisk: Juudendoom
Norfuk / Pitkern: Judaism
norsk: Jødedom
norsk nynorsk: Jødedommen
Nouormand: Judaïsme
occitan: Judaïsme
Oromoo: Judaayizimii
oʻzbekcha/ўзбекча: Yahudiylik
ਪੰਜਾਬੀ: ਯਹੂਦੀ ਧਰਮ
پنجابی: یہودیت
Papiamentu: Judaismo
پښتو: يهوديت
Patois: Juudizim
Picard: Judaïme
Piemontèis: Giudaism
Tok Pisin: Judaisim
Plattdüütsch: Jodendom
polski: Judaizm
português: Judaísmo
qırımtatarca: Yeudilik
Ripoarisch: Jüddedom
română: Iudaism
rumantsch: Giudaissem
Runa Simi: Huriyu iñiy
русиньскый: Юдаїзм
русский: Иудаизм
саха тыла: Иудаизм
sardu: Ebraismu
Scots: Judaism
Seeltersk: Juudendum
Sesotho sa Leboa: Sejuda
shqip: Jehudizmi
sicilianu: Judaismu
සිංහල: ජුදා ආගම
Simple English: Judaism
slovenčina: Judaizmus
slovenščina: Judovstvo
ślůnski: Judajizm
Soomaaliga: Yuhuuda
српски / srpski: Јудаизам
srpskohrvatski / српскохрватски: Judaizam
ၽႃႇသႃႇတႆး : ၸၢဝ်းၸိဝ်း
svenska: Judendom
Tagalog: Hudaismo
தமிழ்: யூதம்
Taqbaylit: Tudayt
татарча/tatarça: Яһүд дине
తెలుగు: జుడాయిజం
тоҷикӣ: Яҳудият
Türkçe: Yahudilik
Türkmençe: Ýehudylykda
українська: Юдаїзм
اردو: یہودیت
ئۇيغۇرچە / Uyghurche: يەھۇدى دىنى
Tiếng Việt: Do Thái giáo
Võro: Judaism
walon: Djudayisse
文言: 猶太教
Winaray: Judaismo
吴语: 犹太教
Xitsonga: Vuyuda
ייִדיש: יידישקייט
粵語: 猶太教
Zazaki: Cıhudiye
žemaitėška: Jodaėzmos
中文: 犹太教