Јован I Цимискиј

Јован I Цимискиј
Ιωάννης Α΄ Τζιμισκής
Император на Источното римско царство
Histamenon nomisma-John I-sb1776.jpg
Златен хистаменон од Јован Цимискиј, покажувајќи како тој е крунисан во Дева Марија.
Византиски император
На престол 11 декември 969 – 10 јануари 976
Претходник Никифор II Фока
Наследник Василиј II
Сопружник Марија Склир
Теодора
Династија Македонска династија (преку узурпација)
Роден(а) околу 925
Починал(а) 10 јануари 976
Константинопол

Јован I Цимискиј ( грчки: Ιωάννης Α΄ Τζιμισκής, о. 925г. - 10 јануари 976г.), бил византиски император од 11 декември 969г. до 10 јануари 976г. Интуитивен и успешен генерал, тој го засилил Царството и ги проширил неговите граница за време на неговото кратко владеење. [1]

Позадина

Потекло

Како и Никифор Фока, и Јован Цимискиј и припаѓал на највисокота аристократија. По лозата на татко си му бил роднина на Куркуас, а по мајкина страна бил роднина на самото семејство Фока. Неговата прва жена била од семејството на Склир. [2]

Државна функција

За време на владеењето на Никифор II Фока, Јован Цимискиј, претставник на едно благородничко семејство, бил поставен за врховен заповедник на војската на Исток како доместик на Истокот. [3]

Заземање на царскиот престол

Паѓањето на Никифор Фока било предизвикано од раскинувањето со Јован Цимискиј и од неверството на царицата Теофано. Теофано му станала љубовница на младиот и блескав војсководец Цимискиј, кој иако мал по раст, за разлика од Никифор Фока бил многу убав и привлечен. Таа го подготвила атентатот, а Цимискиј и неговите другари го извршиле: ноќта меѓу 10 и 11 декември 969г. Никифор Фока подло бил убиен во својата постела. [4]

Царскиот престол го зазел Јован I Цимискиј. Теофано горко се излажала со својата надеж дека ќе стане сопруга на новиот цар. Убиениот Никифор, одмаздник нашол во личноста на патријархот Полиевкт, кој цврсто бил решен овој злочин да не се остави неказнет. Тој побарал од Цимискиј да се покае, да ги казни убијците на Никифор, односно своите помагачи, и да ја протера од дворот царицата Теофано. Царот морал тогаш да им се потчини на барањата на патријархот. Дури тогаш патријархот му допуштил влегување во црква и го извршил неговото крунисување. [5]

Other Languages
Alemannisch: Johannes Tzimiskes
العربية: يوحنا زيمسكي
беларуская: Іаан I Цымісхій
български: Йоан I Цимиски
čeština: Jan I. Tzimiskes
hrvatski: Ivan I. Cimisk
Bahasa Indonesia: Ioannes I Tzimiskes
lietuvių: Jonas I Cimiskis
português: João I Tzimisces
slovenščina: Ivan I. Cimisk
српски / srpski: Јован I Цимискије
srpskohrvatski / српскохрватски: Jovan I Cimiskije
Türkçe: I. İoannis
українська: Іоанн I Цимісхій
Tiếng Việt: Ioannes I Tzimiskes