Јирген Клинсман

Јирген Клинсман
Jürgen Klinsmann
Trainer Klinsmann.JPG
Лични податоци
Роден на15 јуни 1973 (1973-06-15) (воз. 45 г.)
Роден воГепинген, Германија
Висина&100000000000001810000001,81 м
Позицијанапаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб САД (селектор)
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1981-1984Штутгарт Кикерс61(22)
1984-1989Штутгарт155(79)
1989-1992Интер95(34)
1992-1994Монако65(29)
1994-1995Тотенхем41(21)
1995-1997Бајерн Минхен65(31)
1997-1998Сампдорија8(2)
1997-1998Тотенхем (позајмен)35(19)
2003Оринџ Каунти Блу Стар8(5)
Репрезентација
1987-1998Германија108(47)
Раководител на екипите
2004–2006Германија
2008–2009Бајерн Минхен
2011-САД
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 25 април 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Јирген Клинсман (роден на 30 јули 1964 година во Гепинген) е германски фудбалски менаџер и поранешен фудбалер, кој настапуваше за неколку познати клубови во Европа и беше дел од тимот на Западна Германија кој освои ФИФА Светско Првенство во 1990 година во Италија и дел од германскиот тим кој го освои во УЕФА Европскиот шампионат 1996 година во Англија. Тој беше еден од најдобрите напаѓачи на Западна Германија / Германија во текот на 90-тите години. Клинсман постигна гол на сите 6 главни меѓународни турнири на кој тој учествуваше, од 1988-1998 година. На 29 јули 2011 година, фудбалската федерација на САД го именуваше Клинсман за селектор на Соединетите Американски држави.[1] Во 2013 година тој го освои Конкаф купот 2013 со репрезентацијата на САД и беше прогласен за Конкаф селектор на 2013 година. Тој го предводеше тимот на Соединетите Американски Држави во najdobrite 16 од Светското првенство во Бразил во 2014 година. Na 3 ноември 2016 година, тој стана четвртиот машж и шестиот човек кој станал почесен капитен на германскиот национален фудбалски тим.[2][3]

На 21 ноември 2016 година, Клинсман беше отпуштен од селекторската позиција на САД, после поразите од Мексико и Костарика во квалификациите за светкото првенство во фудбал 2018 година.[4]

Светското првенство

Тој раководеше со германскиот национален тим со кој заврши на трето место на Светското првенство во 2006 година. На 12 јули 2006 година, Клинсман и официјално најави дека ќе поднесе оставка како тренер на Германија по две години на чело и да се замени со неговиот помошник тренер Јоаким Лев. Тој ја презеде функцијата тренер на Бајерн Минхен во јули 2008 година, кога Отмар Хитцфилд одлучи да поднесе оставка за да ја преземе функцијата на селектор на Швајцарската репрезентација. Тој беше отпуштен од оваа позиција на 27 Април, 2009 година и покрај освојувајќи пет од неговите последни седум натпревари

Other Languages
azərbaycanca: Yurgen Klinsman
беларуская: Юрген Клінсман
български: Юрген Клинсман
Bahasa Indonesia: Jürgen Klinsmann
Bahasa Melayu: Jürgen Klinsmann
Nederlands: Jürgen Klinsmann
norsk nynorsk: Jürgen Klinsmann
português: Jürgen Klinsmann
Simple English: Jürgen Klinsmann
slovenčina: Jürgen Klinsmann
slovenščina: Jürgen Klinsmann
српски / srpski: Јирген Клинсман
srpskohrvatski / српскохрватски: Jürgen Klinsmann
українська: Юрген Клінсманн
Tiếng Việt: Jürgen Klinsmann