Јајце клетка

Човечка јајце клетка. Zona pellucida се гледа како тенок безбоен појас опколен со клетките на corona radiata.

Јајце клетката е женската гамета (женска полова клетка). Се среќава кај животните и кај семените растенија.

Кај дефинитивно оформената јајце клетка се разликуваат: јадро (кое сега се нарекува Vesicula germinata), клеточна мембрана (која се нарекува Zona pellucida) и јадренце (Macula germinativa). Околу јајце клетката има слој од фоликуларни клетки, наречен corona radiata.

Диференцијацијата на женските гамети кај цицачите се одвива во специјални јајчни фоликули во јајчникот. Секој ваков фоликул се состои од само една јајце клетка опкружена со голем број на фоликуларни клетки. Во текот на оогенезата, јајчните фоликули минуваат низ неколку развојни фази (или етапи): примарен фоликул, секундарен фоликул, терциерен фоликул, жолто тело и бело тело.

Постојат три основни типови на животински јајце клетки, кои се разликуваат по количината на жолток (односно вителус) и начинот на неговата распореденост во цитоплазмата на јајце клетката:

  • Изолециталните јајце клетки имаат малку жолток, дифузно распореден низ цитоплазмата.
  • Телолециталните јајце клетки имаат многу повеќе жолток кој е концентриран во еден регион од цитоплазмата (помал или поголем).
  • Центролециталните јајце клетки имаат релативно голема количина на жолток кој е распореден во централниот дел од цитоплазмата.
Other Languages
Alemannisch: Eizelle
العربية: بويضة
asturianu: Óvulu
azərbaycanca: Yumurta (hüceyrə)
বাংলা: ডিম্বাণু
Bân-lâm-gú: Loán-sè-pau
беларуская: Яйцаклетка
беларуская (тарашкевіца)‎: Заплодкавая вуза
български: Яйцеклетка
bosanski: Jajna ćelija
brezhoneg: Viell
català: Òvul
čeština: Vajíčko
chiShona: Dowokadzi
Deutsch: Eizelle
eesti: Munarakk
Ελληνικά: Ωάριο
English: Egg cell
español: Óvulo
euskara: Obulu
فارسی: تخمک
français: Ovule
Gaeilge: Ubhán
galego: Óvulo
ગુજરાતી: અંડ કોષ
한국어: 난자
հայերեն: Ձվաբջիջ
हिन्दी: डिम्ब
hrvatski: Jajna stanica
Bahasa Indonesia: Sel telur
interlingua: Ovo
íslenska: Eggfruma
italiano: Ovulo (gamete)
עברית: ביצית
Basa Jawa: Sèl endhog
Kiswahili: Ova
Кыргызча: Энелик клетка
latviešu: Olšūna
lietuvių: Kiaušialąstė
മലയാളം: അണ്ഡം
Bahasa Melayu: Ovum
Nederlands: Eicel
日本語: 卵細胞
norsk: Eggcelle
norsk nynorsk: Eggcelle
occitan: Ovul
ଓଡ଼ିଆ: ଡିମ୍ବାଣୁ
oʻzbekcha/ўзбекча: Tuxumhujayra
português: Óvulo
română: Ovul
Runa Simi: Runtucha
русский: Яйцеклетка
Scots: Egg cell
Simple English: Ovum
slovenčina: Vajcová bunka
slovenščina: Jajčece
کوردی: ھێلکۆکە
српски / srpski: Јајна ћелија
srpskohrvatski / српскохрватски: Jajna ćelija
Basa Sunda: Ovum
suomi: Munasolu
svenska: Äggcell
Tagalog: Ovum
татарча/tatarça: Күкәй күзәнәк
українська: Яйцеклітина
Tiếng Việt: Noãn
Winaray: Ovum
粵語:
中文: 卵细胞