Ѕвездено време

Ѕвездено време (или „сидерално време“) — мерка за положбата на Земјата при нејзиното вртење околу својата оска, или мерка за време преку очигледното дневно движење на пролетната рамноденица, што е многу блиску но не сосема исто со движењето на ѕвездите. Се разликуваат по прецесијата на пролетната рамноденица во десното искачување во однос на ѕвездите.
Земјениот ѕвезден ден исто така се разликува од периодот на ротација во однос на позадината од ѕвезди според износот на прецесија во десното искачување во текот на еден ден (8,4 мс).[1] Неговата средна вредност на Ј2000 е 23ч56м4,090530833с.[2]Етимологијата на терминот доаѓа од латинскиот збор „sidereus“, sidus, sider- = ѕвезда. Според тоа, значењето на овој термин е мерење на времето во однос на положбата на ѕвездите.

Дефиниција

Ѕвезденото време се дефинира како часовен агол на пролетната рамноденица. Кога меридијанот на пролетната рамноденица е директно над земјата, локалното ѕвездено време е 00:00. Ѕвезденото време на Гринич е часовен агол на пролетната рамноденица на нултиот меридијан во Гринич, Англија; локалните вредности се разликуваат според географската должина. Кога ќе се придвижиме по должината 15° источно, ѕвезденото време се зголемува за еден час.

За разлика од пресметувањето на сончевото време, овде разликите прецизно се сметаат, не во цели часови. Ѕвезденото време на Гринич и UT1 се разликуваат едно од друго со постојана вредност (ГСТ = 1.00273790935 × UT1).[3] Ѕвезденото време се користи во астрономските опсерватории, бидејќи ѕвезденото време овозможува да се пресмета кои астрономски објекти ќе бидат видливи во одредено време.

Other Languages
العربية: وقت فلكي
azərbaycanca: Ulduz vaxtı
भोजपुरी: नाक्षत्र समय
български: Звезден ден
català: Temps sideri
čeština: Hvězdný čas
Deutsch: Sternzeit
English: Sidereal time
español: Tiempo sidéreo
Esperanto: Sidera tempo
français: Temps sidéral
한국어: 항성시
hrvatski: Siderički dan
Bahasa Indonesia: Waktu sideris
interlingua: Tempore sideral
íslenska: Stjörnutími
italiano: Tempo siderale
Lëtzebuergesch: Sideresch Ëmlafzäit
Bahasa Melayu: Waktu ikut bintang
Nederlands: Sterrentijd
日本語: 恒星時
norsk nynorsk: Stjernedøgn
occitan: Jorn sideral
português: Tempo sideral
română: Timp sideral
Simple English: Sidereal time
slovenčina: Hviezdny čas
slovenščina: Siderski čas
српски / srpski: Звездано време
srpskohrvatski / српскохрватски: Sideričko vrijeme
suomi: Tähtiaika
svenska: Stjärntid
Türkçe: Yıldız günü
українська: Зоряний час
中文: 恒星时