Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 96.594 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Halobacteria.jpg

Археидомен на едноклеточни, микроскопски организми. Тие, како и бактериите, се прокариоти, што значи дека немаат клеточно јадро ниту мембрански органели.

Археите првично биле класифицирани како бактерии, под името архебактерии (во царството Архебактерии, лат. Archaebacteria), но оваа класификација е застарена. Клетките на археите имаат уникатни својства кои ги одделуваат од другите два домени на животот, бактериите и еукариотите. Археите понатаму се поделени на повеќе колена. Класификацијата е тешка бидејќи мнозинството видови не се изолирани во лабораторија, а биле детектирани само со анализа на нивните нуклеински киселини во примероци од нивната средина.

Археите и бактериите обично се слични по големина и форма, иако неколку археи имаат многу чудни облици, како што се плоснатите и коцкастите клетки на Haloquadratum walsbyi. И покрај оваа морфолошка сличност со бактериите, археите поседуваат гени и неколку метаболни патишта кои се поблиски со оние на еукариотите, како, на пример, ензимите вклучени во транскрипцијата и транслацијата. Другите аспекти на биохемијата на археите се уникатни, како што е присуството на етерски липиди во нивните клеточни мембрани. Археите користат повеќе извори на енергија од еукариотите; тие варираат од органски соединенија, како што се шеќерите, до амонијак, метални јони, па дури и водороден гас.

Археите толерантни на хиперсалинитет (Haloarchaea) користат сончева светлина како извор на енергија, а други видови археи го врзуваат неорганскиот јаглерод; сепак, за разлика од растенијата и цијанобактериите, не се откриени видови на археи кои ги вршат и двете активности заедно. Археите се размножуваат бесполово, со проста делба, фрагментација или пупење; за разлика од бактериите и еукариотите, не се познати видови кои формираат спори. (Дознајте повеќе...)


Слика и снимка на денот
Dülmen, Kirchspiel, Börnste, Feld -- 2017 -- 3171.jpg
Треви на зора во селцето Бернсте кај Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.

Направа за цртање на испрекинати линии од 1930-тите.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Алексеј Леонов во 1974 г.
На денешен ден…

Денес е 18 октомври 2018 г.

Настани:

1867 Владата на САД го купила од Русија, полуостровот Алјаска за 7,2 милиони тогашни долари.
1912 Во Лозана, Турција и Италија потпишале Лозанскиот договор, со што завршила Италијанско-турската војна (1911-1912).
1943 Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската.
1962 После неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеала во градот Скопје. Бидејќи на било регулирано коритото на реката, поплавата го зафатила целиот град, се до насипот во населбата Пролет. Поплавата траела три дена, но без човечки жртви. Предизвикана е голема материјална штета.
1967 Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица „Венера-4“, спуштила научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата.
1972 Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и наемнина.
1994 Британската кралица Елизабета II за прв пат во петвековната соработка допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин изјави дека посетата е признание за руската демократија.

Родени:

1130 Џу Си — најзначајниот филозоф на конфучијанството по Конфучиј.
1777 Хајнрих фон Клајст — германски писател.
1859 Анри Бергсон — француски филозоф.
1894 Тибор Дери — унгарски писател.
1898 Вера Циривири Трена — носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија.
1926 Клаус Кински — германски глумец.
1956 Мартина Навратилова — чешка и американска тенисерка.
1958 Предраг Пашиќ — југословенски фудбалер.
1961 Винтон Марсалис — американски џез-музичар.
1983 Данте — бразилски фудбалер.
1984 Фрида Пинто — индиска глумица.
1984 Линдзи Вон — американска скијачка.
1985 Тијаго Машадо — португалски велосипедист.
1989 Ли Хауард — австралиски велосипедист.

Починале:

1893 Шарл Гуно — француски композитор, кој заедно со Санс, е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век.
1901 Аугуст Малмстрем — шведски историски сликар.
1931 Томас Алва Едисон — американски пронаоѓач од областа на електротехниката.
1990 Гога Џаџу — првоборец и носител на „Партизанска споменица 1941“.
2003 Мануел Васкез Монталбан — шпански писател
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич


Other Languages
armãneashti:
azərbaycanca: Ana_Səhifə
беларуская: Галоўная_старонка
беларуская (тарашкевіца)‎:
bosanski:
čeština: Hlavní_strana
dansk: Forside
dolnoserbski:
English: Main_Page
հայերեն: Գլխավոր_էջ
hornjoserbsce:
hrvatski: Glavna_stranica
עברית: עמוד_ראשי
Bahasa Melayu: Laman_Utama
Nederlands: Hoofdpagina
occitan:
shqip:
Simple English: Main_Page
slovenčina: Hlavná_stránka
slovenščina: Glavna_stran
словѣньскъ / ⰔⰎⰑⰂⰡⰐⰠⰔⰍⰟ:
ślůnski:
српски / srpski: Главна_страна
srpskohrvatski / српскохрватски: Glavna_stranica
татарча/tatarça:
Türkçe: Ana_Sayfa
українська: Головна_сторінка
Tiếng Việt: Trang_Chính